НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потврда од премиерот на Бугарија, Петков: На 18 јануари одам во посета на С. Македонија

0
By Sashko on January 7, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков потврди дека на 18 јануари ќе ја посети Република Северна Македонија, во одговор на седница за пратенички прашања во Народното собрание.

Петков рече дека добрососедството е многу важен принцип во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој додаде дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Република Северна Македонија е зачуван токму онака како што е договорено во коалицискиот договор меѓу партиите во владејачката коалиција. Ставот е ист, вели тој, но владата во Софија го надградува со пет посебни различни комисии за надградба на овие односи.

Петков изрази чудење зошто во 2021 година немало ниту еден лет од Софија до Скопје, како и ниту една железничка линија. Тој праша и зошто Бугарија и Северна Македонија немаат заеднички културен календар, како и зошто нема интеракција меѓу бизнис секторите на двете соседни земји.

Петков увери дека има апсолутно јасен заеднички став во коалицијата, како и целосна координација во Советот на министри на Бугарија на темата.

„Со одењето на разговори на 18 јануари покажуваме дека добрососедството е фундаментален принцип на нашите односи со Република Северна Македонија. Се надевам дека нашата Влада ќе ја покаже разликата меѓу добрите планови и постигнатите резултати“, рече во заклучокот бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание.

Бугарија Кирил Петков Македонија посета премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.