Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до сите православни христијани по повод Христовото раѓање – Божик.
Посакувам здравје и среќа, љубов и хармонија во нивните семејства. И на останатите граѓани кои не се од христијанска вероисповед им посакувам здравје, бериќет, среќа и хармонија и во нивните домови, бидејќи ќе нѝ треба, затоа што сите заедно сме посилни и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година, порача Мицкоски претпладнево пред Соборниот храм во Скопје.