НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кузеска: Предвидени се 130 милиони евра за помош на граѓаните и на стопанството ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 10, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
 
СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, останува посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните. Активирани се сите капацитети за производство на електрична енергија, за да се спречи увозот на скапа струја, вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
– Во буџетот за 2022 година веќе има предвидени 130 милиони евра кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за помош на граѓаните и на стопанството. Овој износ дополнително ќе се зголемува доколку се јави таква потреба. Во овој период се креираат конкретни мерки за помош кои ќе се реализираат во текот на годината а кои ќе имаат за цел директна помош на семејствата, но и на компаниите. Македонската економија е стабилна, подготвена да се соочи со предизвиците што со себе ги носи енергетската криза, но и пандемијата со коронавирусот, рече Кузеска.
Според СДСМ со преземање на навремени, ефикасни економски политики, за годинава очекуван е раст на економијата од најмалку 4,6 отсто.

– Новата Владата предводена од СДСМ ќе остане фокусирана на сериозно зголемување на домашните приватни инвестиции и влез на нови странски директни инвестиции. Сето тоа ќе влијае на дополнителен пад на невработеноста која сега изнесува 15.9 отсто, како и на забрзување на економскиот раст. Платите ќе продолжат да растат и во текот на оваа година. Следува ново зголемување на минималната плата, што со себе ќе донесе раст и на просечната плата која наскоро ќе ја надмине границата од 30.000 денари, односно 500 евра. Подобар економски стандард и повеќе пари кај граѓаните, но и конкретна помош за домашната економија се приоритетите на новата Влада предводена од СДСМ. Посветено, ефикасно и одговорно продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и државата, вели Кузеска.

Богданка Кузеска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.