Првата победа во сезонава во шпанското фудбалско првенство на Леванте изминатиот викенд над Мајорка (2:0), во која Енис Барди учествуваше со асистенција при водечкиот гол, на македонскиот репрезентативец му донесе место во тимот на 20. коло во Ла Лига.
Меѓу најдобрите единаесет се најдоа и клупските колеги на Барди, голманот Фернандез и дефанзивецот Везо.
Тимот на 20-то коло во шпанското првенство го сочинуваат Фернандез, Бељерин, Везо, Алварез, Акуња, Моренте, Мерино, Барди, Винисиус, Бензема и Гарсија.
Леванте е последнопласиран на табелата со 11 бода, седум помалку од зоната која носи опстанок во Ла Лига, а во следното коло на домашен терен го пречекува претпоследнопласираниот Кадиз.