Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Минималната плата ќе расте, следува и сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

0
By Sashko on January 12, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mms.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 12, 2022 22:53
Минималната плата ќе биде 18.000 денари и тоа ќе се случи, штом се постигне договор меѓу Владата, синдикатите и работодавците. Енергетската криза, економската криза и политичките состојби не дозволија минималната плата да се зголеми уште во месец декември, но раст на минималната плата во следниот период ќе има, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во гостување во ТВ Алсат.
Минимална плата во 2016 година беше 9.000 денари или 38 отсто од просечна, на крај на декември во 2021 година, просечна плата е 29.145 денари, а минималната плата во ноември во 2021 година е на ниво од 52,2 отсто од просечната плата. За четири години уделот на минималната плата во просечната плата е за цели 14 процентни поени. И ова е еден од показателите кој влијае на намалување на сиромаштијата. Дополнително, со социјалната реформа што ја спроведовме се влијаше врз степенот на сиромаштија и ако не ја преземавме оваа реформа, сега во време на пандемија ќе зборувавме за многу поголема стапка на сиромаштија од она што е во моментот. Ние во овој момент имаме околу 35.000 корисници на гарантиран минимален приход, наспроти околу 80.000 луѓе кои претходно добиваа социјална помош по три или четири илјади денари. Да не го занемаруваме и фактот дека со помош на економските мерки за помош во време на пандемијата, Владата успеа да спаси околу 60.000 работни места, што беше потврдено и од Меѓунардониот монетарен фонд, порача Битиќи.
Во однос на енергетската криза, потпретседателот Битиќи посочи дека уште минатата година Владата го намали ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а сега ќе следуваат нови мерки, од кои првата од нив е субвенционирање од 600 до 800 денари месечно на сметките за електрична енергија за 7.500 семејства со ниски примања.
Еенергетска криза Македонија минимална плата раст Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.