Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија: Полицијата отвори над 12.000 истраги за фалсификувани потврди за вакцинација

0
By Sashko on January 20, 2022 СВЕТ
Фото: aerztezeitung.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 10:44

Германската полиција истражува илјадници можни случаи на фалсификување на потврди за вакцинација против коронавирусот, јави агенцијата ДПА. Податоците од 16 германски покраини покажуваат дека полицијата отворила над 12.000 такви истраги.

Бројот на истраги е нагло зголемен во декември, откако властите објавија нови рестрикции со кои, воглавно, невакцинираните лица се исклучени од јавниот живот, пренесува „Бета“.

Лицата кои доставуваат или користат лажни потврди се соочуваат со тешки казни – од парични и условни затворски до губење на работното место.

Обвинителите отворија и истрага за убиство од небрежност, а осомничена е жена која користела лажна потврда за вакцинација за да може да продолжи да работи во дом за стари лица, иако живеела со членови на семејство кои биле заболени со ковид-19.

Наското се очекува да почне дебата во германскиот парламент за општа задолжителна вакцинација, иако официјални лица признаваат дека ќе минат месеци додека таква мерка стапи на сила.

Речиси 73 отсто од населението на Германија е целосно вакцинирано против коронавирусот, додека 48 отсто примиле засилувачка доза на вакцина, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Германија вчера пријави рекорден број на новозаболени со ковид-19. За 24 часа биле регистрирани 112.323 нови инфекции и 239 смртни случаи како последица на заразата со ковид-19.

вакцинација Германија истрага полиција потврди Свет фалсификати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.