НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лагард: Пребрзото зголемување на каматните стапки би ја забавило економијата

0
By Sashko on January 20, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: greekreporter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пребрзото зголемување на каматните стапки во еврозоната, вклучува ризици, и покрај значително повисоката инфлација, бидејќи економскиот раст би можел да забави, предупреди денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

„Доколку ЕЦБ ги зголеми каматните стапки денес, ефектот во синџирите на финансирање би бил видлив само за шест до девет месеци“, рече Лагард во интервју за радиото „Франс интер“.

Но, тоа би го забавило економскиот раст, ​​изјави Лагард.

Таа ја повтори оценката на ЕЦБ дека „инфлацијата ќе се стабилизира и постепено ќе слабее во текот на 2022 година“. Банката неодамна прогнозираше дека оваа година инфлацијата ќе биде 3,2 отсто.

Во декември 2021 година, потрошувачките цени во еврозоната се зголемија за пет отсто во однос на истиот период претходната година, што е најсилно откако Европската канцеларија за статистика почна да ги следи податоците, поради силните цени на енергијата и проблемите со синџирот на снабдување. ЕЦБ таргетира годишна стапка на инфлација во еврозоната од два проценти, но е подготвена привремено да толерира повисоки стапки за да ги поддржи поволните услови за финансирање во закрепнувањето на економијата од пандемиската криза.

Критичарите ја обвинуваат ЕЦБ дека ја поттикнува инфлацијата со исклучително блага монетарна политика, јави ДПА.

економија ЕЦБ камати Кристин Лагард раст Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.