Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Од првиот ден кога станав претседател на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ изнесуваат невистини, a за секоја одлука тие одат во Будимпешта

0
By НОВА ТВ Balaban on January 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 19:56
Мојата биографија е достапна на интернет, достапна е на Универзитетот каде што работам, достапна е во компаниите каде што работам повеќе од 10 години, јас сум магистрирал на Универзитетот во Скопје тоа се гледа во биографијата и потоа докторирав на Универзитетот во Црна Гора“ посочи претседателот Ковачевски. 
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5 телевизија вечерва порача дека од првиот ден уште кога станал кандидат за претседател на СДСМ, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле објавувани лаги и невистини во однос на неговата кариера, што зборува за нивното ниво и капацитет на комуникација, соопштија од СДСМ.
„Од првиот ден кога станав кандидат за претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ почна да изнесува лаги и невистини во однос на мене. Јас никогаш не ги коментирав затоа што мојата биографија е достапна на интернет, достапна е на Универзитетот каде што работам, достапна е во компаниите каде што работам повеќе од 10 години, јас сум магистрирал на Универзитетот во Скопје тоа се гледа во биографијата и потоа докторирав на Универзитетот во Црна Гора“ посочи претседателот Ковачевски. 
Ковачевски додаде дека во високата политика се вклучил затоа што сака предизвици и е подготвен да понесе одговорност за важните процеси кои носат придобивки за граѓаните и за државата и додаде дека е човек кој самостојно одлучува врз основа на принципи.
„Човек докажува дали самостојно одлучува врз основа на одлуките што ги носи и принципите. Јас предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, односно различни од оние што беа претходно. Исто беше и при изборот на Владата, каде се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите“ рече Ковачевски.
„Тука би изнел паралела со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие пред секои избори и секоја одлука мора да одат во Будимпешта на некаков состанок. Факт е дека пред секое носење на одлука на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се оди во Будимпешта со некаков формален изговор, за да се добие согласност за тоа што се одлучува“ рече премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Будимпешта ВМРО-ДПМНЕ Димитар Ковачевски интервју Канал 5 телевизија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.