Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер ја погоди утрово Алјаска, јави американскиот геолошки завод.
Епицентарот бил на 87 километри јужно од градот Аналаска и на длабочина од три километри.
Засега нема податоци за жртви и причинета материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.