НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денеска за влез во Косово: Потврда за три вакцини или две дози плус негативен ПЦР тест

0
By Sashko on January 22, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По наглото зголемување на бројот на заболени со ковид-19, косовската Влада синоќа донесе нови мерки за спречување на ширењето на пандемијата, според кои, меѓу другото, од денеска за влез во земјата е потребно да се приложи потврда за примени три дози на вакцини или две вакцини и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од обврската за приложување сертификати за вакцинација при влез во Косово се ослободени лицата кои патуваат транзитно, странските дипломати, децата до 12-годишна возраст и лицата кои имаат лекарска потврда дека се ослободени од вакцинација.

Косовските државјани кои немаат примено две вакцини, по враќањето во земјата ќе треба да одат во седумдневен карантин во своите домови. На сите вработени во јавните институции ќе им се бара сертификат за примени најмалку две дози.

Со новите мерки, т.н. полициски час наместо од полноќ, од денеска ќе трае од 22 часот до пет часот наутро. Се скратува и работното време на угостителските објекти кои, наместо до 23 часот како досега, ќе можат да работат до 21 часот, со тоа што музиката е дозволена до 20:30 часот.

Забранета е работата на ноќните клубови и организирањето на фестивали, на концерти, на свадби и веридби, додека на погребни церемонии е дозволено присуство само на најблиските роднини.

Одлуката, која стапува во сила денеска, е со важност до 4 февруари.

Во образложението за новите мерки Владата се повикува на најновата епидемиолошка ситуација, по порастот на случаите со ковид-19. Иако, според Институтот за јавно здравство на Косово, ситуацијата се смета за стабилна, сепак, се вели дека опасноста останува, поради доминацијата на варијантата Омикрон на вирусот.

Последните денови во Косово имаше нагло зголемување на дневните бројки на заразени, така што само во петокот беа регистрирани 2.943 нови случаи, односно речиси 25 отсто од тестираните. Официјалната бројка на активни случаи во земјата, од околу 700, колку што изнесуваше пред две недели, вчера достигна до 12.396, додека медицинските експерти очекуваат задржување на негативниот тренд и во наредниот период.

Ковид-19 Косово регион рестрикции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.