НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19: Македонија со 20.250 активни случаи, во светот над 340 милиони инфицирани лица

0
By Sashko on January 23, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: straitstimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на изминатите денови Македонија бележи се поголем број на заразени лица со ковид-19, што се должи на брзото ширење на новиот сој омикрон. Во земјава во моментот се активни 20.250 случаи, а според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) во светот се дијагностицирани над 340 милиони заболени. Од СЗО предупредуваат дека ризикот од омикрон останува многу висок.

Од почетокот на епидемијата досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти вчера СЗО.

Според информациите од завчера Светската здравствена организација добила податоци за вкупно 340.543.962 милиони заразени лица и 5.570.163 милиони починати.

Најголем број заразени со ковид-19 е регистриран на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се идентификувани 3.933.319 милиони случаи. Најголем вкупен број се потврдени во САД – речиси 68,2 милиони. Следува Индија со 38,6 милиони случаи, потоа Бразил (23,4 милиони), Британија (15,6 милиони) и Франција (15,2 милиони). Најголем број починати од ковид-19 има во САД (852.334 лица), потоа Бразил, Индија, Русија и Мексико.

Светската здравствена организација вчера издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со оваа варијанта останува „многу висок“.

„Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикрон останува висок. Омикрон се шири многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата, а со тоа и поголема инциденца, отколку што сме виделе во пандемијата претходно“, соопшти СЗО.

Ковид-19 Македонија Омикрон Свет случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.