Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗШВ: Јавните повици за закуп на државно земјоделско земјиште се поништени поради неправилности во постапката

0
By Sashko on January 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 24, 2022 19:01

Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп се поништени поради неправилности во постапката, реагира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на обвинувањата од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавниот повик 01/21 е поништен од причина што мнозинството од членовите на Комисијата утврдиле дека дел од членовите на Комисијата работеле без потребениот кворум за работа пропишан со правилникот за работа на Комисијата. Четворица од членовите на Комисијата веќе имаат доставено изјави до архивата на МЗШВ, дека не биле известени ниту за јавното отворање на понудите, ниту за тековното работење на Комисијата  за овој јавен повик. Јавниот повик 04/21 е поништен поради тоа што членовите на Комисијата процениле дека во јавниот повик недостига нагласен документ со кој ќе се утврди староста на насадот за којшто се доставени поднудите, што би можело да доведе до злуопотреба на постапката, наведува МЗШВ во реакцијата.

Двата повика, како што се посочува во реакцијата, се поништени уште пред стапувањето во функција на актуелниот министер Љупчо Николовски.

Актуелниот министер Николовски, неселективно ќе преземе соодветни чекори за иницирање на одговорност на службените лица коишто со своите постапки придонеле за неправилности во постапките. МЗШВ најтранспарентно ги извести понудувачите на јавните повици за поништувањето, на законски начин пропишан со Законот за општа управна постапка преку објавување на известувањето во два дневни весници и во Службен весник на РСМ. На никој начин со актите на министерството не се ограничува правото на надомест на штета доколку кој било земјоделец има претпрено каква било штета од поништувањето и ако тоа го докаже во соодветна судска постапка, информира МЗШВ.

Оттаму најавуваат нови јавни повици за истите региони во најбрз можен рок, а земјоделците кои аплицирале на поништените јавни повици, ќе имаат можност повторно да аплицираат за истите земјоделски површини со истите елаборати.

„МЗШВ апелира земјоделците да не потпаѓаат под манипулативните изјави на Трипуновски. Во последните четири години, оваа Влада го врати достоинството на земјоделците и покажа што значи правична и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци“, се вели во реакцијата на МЗШВ.

Закуп земјоделско земјиште јавен повик Македонија МЗШВ Поништување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.