НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизнисмените од РС Македонија и од Бугарија ќе може да се жалат за дискриминација при инвестирањето

0
By Biljana on February 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Привлекување на инвестиции, поддршка на старт-апи и на компании од Северна Македонија и Бугарија, како и соработка на полето на иновациите, биле темите на разговор она денешниот прв состанок на македонско-бугарската работна група за економија, трговија и иновации што се одржа во Скопје.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, како домаќин на работните групи во Скопје приоритетите на двете земји во однос на иновациите, економскиот развој и поддршка за бизнисот се еднакви и оти следен чекор е да се слушнат и мислењата на стопанствениците што според него ќе даде додадена вредност на одлуките што ги носи работната група.

„Како конкретни проекти за кои веќе беше разговарано е улогата на Банката за равој да може да финансира конкретни проекти кои се од интерес на двете земји или македонскиот ФИТР и Фондот за иновации на Бугарија да можат заеднички да финансираат проекти, за мали и средни претпријатија или старт ап бизниси“, рече Бесими.

Тој додаде дека во текот на денот, претставници на работната група ќе се сретнат со преставници на Стопанските коморин од двете земји со цел да се слушне мислењето и на бизнис заедницата.

„За нас е важно да слушнеме што мисли бизнисот од двете страни на границата, во однос на идеи за дизајнирање на овие програми што ги имаме, а се во нивен интерес. Ќе рзговараме за конкретни проекти и инвестиции, како и за подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете земји “, рече Бесими.

Министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер пак рече дека биле задоволни од приемот во Скопје и оти низ денешниот разговор, запознавајќи се со работата на содветните институции во двете земји согледале дека тие, како што рече, многу си наликувале во работата. Тој најави дека двете страни договориле механизам за заштита на инвеститорите од дискриминација.

„Да го објаснам тоа подобро, ако некоја бугарска компанија инвестира во РСМ и во текот на постапката забалежи дека некоја локална власт, да речеме ја кочи дозволата за градба, тоа во најбрз можен рок да се сигнализира и до мене и до вицепремиерот Фатмир Битиќи за да можеме да го решиме пробелемот со наголема итност“, рече Лорер и додаде дека постапката би била иста доколку ова му се случи и на македонски инвеститор во Бугарија.

Оваа е втора средба на владините делагации на РС Македонија и Република Бугарија. Со состанокот на Работната група за економија, трговија и иновации почна новиот пристап во односите меѓу двете земји што го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Следниот состанок на оваа работна група ќе биде во месец март.

Инаку, двете влади формираа четири работни групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. Историските прашања ќе ги разгледува веќе постоечката Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Планирано е секоја недела состанок да одржува една од овие групи, кои секоја во својата сфера ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу двете земји.

(Б.Б.)

Даниел Лорер работна група за економија трговија и иновации Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.