НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИНТЕРВЈУ АЗЕСКИ:  ЈАС НЕ ЈА СМЕНИВ ЗГРАДАТА, ГО СМЕНИВ КАДАРОТ И ТАКА ЈА СОЗДАДОВ КОМОРАТА НА ИДНИНАТA

0
By Mirjana on February 2, 2022 ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мега интервју на Претседателот Бранко Азески, во економскиот магазин „Економија и Бизнис“ по повод 100 годишнината од Стопанска комора на Македонија што ќе излезе деновиве…

Претседателот Азески говори за тоа, дали ќе опстои македонската држава. Вели, „Сигурно ќе опстои. И веројатно тоа е главната причина за нашето заостанување во развојот и слабата активност бидејќи човек кој има алтернатива да друг му ги решава работите не пружа максимум во она што треба сам да го прави. Ако 90% од интелектуалците во една држава викаат дека работите ќе ги реши „калето“, тоа е тежок пораз на самиот себе, затоа што ти однапред си решил да не се трудиш.“

На прашањето каде згрешивме, претседателот на Стопанската комора вели „Да мислиш дека не си згрешил е состојба во која ти нема помош. И јас не можам со сигурност да кажам дали грешиме во моментот но, за пред 30 години со сигурност може да се каже дека згрешивме во нашата неодлучност до крај како ќе се поставиме спрема распаѓањето на СФРЈ и предолго тактизиравме со што ја изгубивме предноста да влијаеме на процесите. Сигурно згрешивме и со тоа што на почетокот на градењето на сопствената држава не го повикавме целокупниот македонски човечки капитал во светот да дојде и да се вклучи во градењето на сопствената држава која што ја создадовме после 100-тици години и со огромен број жртви. И трето, со сигурност може да се каже дека згрешивме што не изградивме заедничка платформа за функционирање на државата обременета со разноразни поделби. Што значи ги продолживме делбите а не направивме ништо за да се сплотиме околу неколку фундаментални принципи.

Вели и дека големи грешки имаме и во оштествената надградба која треба да е сериозен коректив на власта. Азески вели, „Македонија мора да се сврти од колективните кон поединечните спортови. Нашата структура на економијата која што треба да ги подржува тие проекти е слаба и неможе тоа да го издржи. Поединечните спортови со помали вложувања можат да доведат до повеќе ефекти. Примерот на Новак Ѓоковиќ го докажува тоа. Србија во фудбалот вложи милијарди а никогаш не доби ниту европска а камоли светска титула. Новак Ѓоковиќ со илјада пати помали вложувања на Србија и донесе голема афирмација“.

За културата како општествена вредност претседателот Азески со став, „Еден мал народ, кој претендира да влезе во 30-ет члено семејство како што е Европската Унија, он може таму да испорача само култура, а сигурно не производи со подобар квалитет од европските. Нашата држава има илјада годишна културна традиција и искуство и тоа е она што треба да го презентираме и за што треба да се гордееме. Затоа треба и повисок процент во Буџетот од тој што е моментално, бидејќи културните вредности културните добра немаат паричен израз, тие може да се бесценети. Колку повеќе вложуваш во културата, толку повеќе се издигнуваш над другите“.

Цел живот другарувам со новинарите и морам да кажам дека меѓу нив има врвни  професионалци, посочува во интервјуто претседателот на најмоќната бизнис асоцијација. Меѓутоа, вели медиумот како бизнис е заробеник на дневно политичките случувања, а со тоа и таквите професионалци го губат својот рејтинг. За мене е јасно дека тие мора да се силен коректив на власта, но, во моментов тоа не се. За нас се силен подржувач и неможам да се пожалам на соработката со нив“.

За улогата на невладин сектор во општеството, ќе рече, „Невладиниот сектор наместо коректив стана активен чинител на поделената држава. За другото не сакам да коментирам. Сите знаеме што е тоа „другото“.

Многу повеќе ќе прочитате во интервјуто во печатеното издание на „Економија и Бизнис“ …

 

азески интервју најава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.