НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од десетти февруари следува период на динамизирани контакти на македонско-бугарските работни групи

0
By Mirjana on February 5, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Софија идната седмица, на 10 или 11 февруари министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија ќе ги продолжат разговорите на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во кои сме навлезени во процес на надминување на разликите, информира минисстерот за надворешни работи Бујар Османи кој го истакна нашето клучно барање за да попчнат преговорите со ЕУ.

–  Да се прифати преговарачката рамка како е предложена од страна на Комисијата по однос на идентитетските атрибути, вклучувајќи го и јазикот и да се почнат притапните преговори, односно да се одржи меѓувладината конференција, а сите други прашања да се поврзат временски со одлуката за започнување на преговори, вели Османи.

Идната недела ќе се одржи состанок на Работната група за инфраструктура, на 14-ти Работната група за евроинтеграции, потоа на 21-ви Работната група за образование и на 28 состанок на Заедничката комисија за историски прашања, така што, вели тој, четири пати ќе разговараат за иднина, а еднаш за историја..

Нашите позиции се утврдени прво во заедничката Деклрација на Собранието, второ во одговорите коишто беа пратени во декември во Владата на Република Бугарија и ќе продолжат на 10 или 11 на експертско ниво во рамки на тие позиции што ги има државата за сите прашања.

Османи уште еднаш потврди дека Бугарите ќе бидат запишани во Уставот, без да спомене конкретни рокови. – Тоа е барање и од државјаните на Северна Македонија кои имаат бугарска етничка припадност, така што секој државјанин на РСМ има право да поставува свои барања пред државата и државата да реагира на тоа. Познати во светот по однос и на колективните права на граѓаните. Тоа е нашиот најсилен адут како држава. Создадовме модел што полека станува референтен модел за сите мултиетнички држави и проблемите што ги имаат мултиетничките држави. Треба да се гордееме со тоа, со тоа што го создадовме и не треба да се почувствуваме дека нешто правиме лошо за државата во вклучувањето и интегрирањето на сите етнички заедници во државата во системот, вели Османи.  

Во однос на тоа дали само земјава ќе прави отстапки, во однос на нотата во ОН, Османи оцени оти сме во асиметричен однос со Бугарија.

– Тие се членка, ние не сме. Ние бараме да влеземе во ЕУ, тие се веќе влезени ЕУ. И не можеме да очекуваме дека овој спор е помеѓу две еднакви страни, дециден е Османи.

Бугарија работни групи Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.