НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата со оптимистички најави пред претстојниот состанок на економско-социјалниот совет: Минималната плата ќе биде зголемена

0
By Biljana on February 7, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Економско – социјалниот совет кој ќе се одржи вечерва во Владата е нов обид да се постигне договор за покачување на минималната плата помеѓу социјалните партнери – Владата, синдикатите и работодавачите.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во гостување на ТВ24, рече дека власта разгледува неколку алтернативни решенија за кои ќе се разговара на вечерашниот состанок.

„Имаме неколку предлози од социјалните партнери од ССМ, Организацијата на работодавачите и Бизнис конфедерацијата на Македонија ги разгледуваме предлозите се прават проекции на истите. Верувам дека денес, со продолжението на социјалниот дијалог ќе го донесеме најсоодветното решение кое ќе биде прифатено од сите социјални партнери“, рече Тренчевска.

Според неа, подобрувањето на економскиот статус на работниците е врвен приоритет на Владата, па оттука и заложбата за зголемување на минималната плата.

„Меѓутоа секоја политика која што се носи, а е во интерес на подобрувањето на политичките права и е поврзана со трудот мора да минува низ економскиот совет“, вели Тренчевска додавајќи дека верува дека денеска во 19 часот со образложение, предлогот за минимална плата ќе биде прифатен од сите страни.

Вчера и премиерот Димитар Ковачевски преку објава на Фејсбук порача дека покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето.

„Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето.Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“, напиша Ковачевски.

На последниот економско-социјален совет, кој се одржа во петокот доцна попладне, Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија дека нема да отстапат од своите барања – минимална плата во нето износ од 18.000 денари, скалесто зголемување на сите останати плати, како и регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор. Највисоките тела на Синдикатот веќе донесоа одлука за штрајк, како и други видови на искажување на незадоволсто, како протести, блокирање на улици и институции, не само во главниот град, туку и во сите други градови од внатрешноста.

„ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кои ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме“, наведоа во соопштение од ССМ.

Инаку, седницата на Економскиот совет во Владата ќе се одржи денеска во 19 часот. На неа се очекува да биде разгледано синдикалното барање за зголемување на минималната плата, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.

Измените на Законот за минимална плата, предложени од двајца пратеници, по скратена постапка влегуваат во Парлементот на Седницата закажана за во четврток во 11 часот. ССМ пак најавија дека во истото време ќе организираат мирен собир пред Собранието и ќе побараат од народните избраници да ги поддржат законските измени. Доколку и тоа не се изгласа, најавија штрајк со блокади на фабрики, слободни економски зони, институции, патишта.

(Б.Б.)

закон за минимална плата Јованка Тренчевска минимална плата ССМ ССМ ДО ВЛАДАТА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.