НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унапредувањето на родовата еднаквост е заеднички приоритет на Северна Македонија и Шведска

0
By Biljana on February 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родовата еднаквост во фокус на разговорите помеѓу министерката за труд и социјална политика Тренчевска и шведската амбасадорка во Северна Македонија, Форсгрен Бенгтсон.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со шведската амбасадорка, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која биле потврдени добрите меѓудржавни односи, поддршката која Шведска и ја дава на нашата држава и соработката на повеќе полиња значајни за градење на современо општество.

Главна тема на средбата била родовата еднаквост во општеството, владините политики и нивна имплементација, вклученоста на институциите и граѓанскиот сектор.

Министерката Тренчевска ја истакнала заложбата на Владата за унапредување на родова еднаквост во општеството. Во таа насока таа се осврна на новиот Закон за родова еднаквост, кој е во финална фаза и наскоро треба да влезе во владина процедура.

„Новиот Закон за родова еднаквост обезбедува потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење. Градиме општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство,“ рече Тренчевска.

Таа информираше дека наскоро ќе биде отворен и Ресурсен центар, кој што е всушност тренинг центар за обуки на државните службеници во областа на родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

Министерството подготови и нова Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година, која е во собраниска процедура, чија цел е унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество. Исто така, во подготовка е и Национален акциски план за родова еднаквост 2022-2024.

Амбасадорката Бенгтсон, изразила интерес и за политиките на земјава и мерките кои се преземаат за поддршка и унапредување на животниот стандард на ромите, како ранлива категорија на граѓани во нашето општество.

Министерката Тренчевска, пак истакнала дека еден од приоритетите на Владата е унапредување на интеграцијата на Ромите во сите сегменти на општественото живеење, образованието, вработувањето, домувањето, регулирање на матичната евиденција.

„Министерството работи на вклучување на децата Роми во предучилишното образование и воопшто подигнување на свеста во ромските семејства за значењето на образовниот процес. Во таа насока е и воспоставувањето на центрите за деца од улица, кои функционираат на дневна основа и ги подржуваат овие деца во образовниот процес. Такви центри има во Кисела Вода и Шуто Оризари, а се воспоставени во соработка со граѓанските организации“, рече Тренчевска.

Јованка Тренчевска МТСП родова еднаквост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.