НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за економија: Украина е важен парнер, ама не е на листата на првите 20 земји со кои имаме најголема размена

0
By Mirjana on February 24, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Војната во Украина ќе предизвика потреси и во македонската економија. Цените драстично ќе скокнат не само на енергенсите, туку и на основните прехранбени продукти со оглед на тоа што Украина е еден од најголемите светски производители на пченица, предупредуваат економските аналитичари.

Од Министерството за економија за Нова Тв велат дека Украина е мошне важен трговски партнер на земјава, иако во периодот 2018 – 2021 година не спаѓа во листата на првите 20 земји со кои нашата држава остварува најголем обем на трговска размена.

Вкупната трговска размена на земјава со Украина учествува со 0.7% за 2020 година, односно со 0.9% за 2021 година, во структурата на вкупната трговска размена на земјава со светот.

Извозот од Република Северна Македонија во Украина учествува со 0,2% за 2020 година, односно со истиот процент од 0.2% и за 2021 година во структурата на вкупниот извоз на Република Северна Македонија со светот.

Увозот од Украина во Македонија учествува со 1.2% во 2020 година, односно со 1.3% за 2021 година во структурата на вкупниот увоз.

– Покриеноста на увозот со извоз за 2020 година е 11.2%, додека за 2021 година е минимално повисока и изнесува 12.1%, што укажува на неизбилансираност меѓу извозот и увозот, односно значително повисок увоз отколку македонски извоз во оваа земја со местоположба во Источна Европа, велат од Министерството за економија.

Зоран Ивановски, професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје потсетува на фактот дека на светските берзи веќе се забележани првите поголеми движења и скокови, како што е порастот на цената на златото, освен на пченицата. Неминовно, воената криза во Украина  ја крена и цената на нафтата на светскиот пазар, што ќе повлече притисок за покачување на цените на горивата, посебно на природниот гас. Зголемувањето на цените на енергенсите, но и на основните продукти, според Ивановски, пред се ќе зависи од тоа колку ќе се разгори и колку ќе трае безбедносната криза по руската инвазија.

Инаку, билатералната трговска соработка меѓу двете земји е воспоставена со Договорот за трговска и економска соработка, потпишан на 3 јуни 1997 година, а кој почнал да се применува од 6 февруари 1998 година како и со Договор за слободна трговија потпишан на 18 јануари 2001 година, со примена од 10 септември 2001 година.

Економските аналитичари предвидуваат двојно да се зголеми притисокот врз цените на пченицата, бидејќи Украина и Русија, сочинуваат околу една четвртина од глобалната трговија. Тие не исклучуваат земјите од регионот да се соочат и со прекини во испораките поради воената акција затоа што Украина, Русија, Казахстан и Романија, се четирите главни извозници на пченица. Само Украина годишно извезува 75,1 милиони тони жито.

Аналитичарите потсетуваат и дека цената на гасот во Европа порасна за околу 10 отсто уште првиот ден по руското признавање на независноста на Донецк и Луганск, па предвидувањата одат дотаму дека е можен галопирачки раст до 2.000 евра за 1.000 кубни метри.

Цената на пченицата денеска нагло пораснаа на светските берзи. Така, цената за бушел пченица, како што јавуваат светските агенции, се зголеми за повеќе од 5 отсто, на нешто помалку од 935 американски центи што е највисоко ниво од 2012 година. Во контекст на најавениот скок на цените на пченицата е и фактот што Русија е еден од најважните производители во светот. Од денеска рипнаа цените и на голем број суровини што се извоз од Русија. Според податоците на лондонската берза цена на гасот во Европа за време на денешното тргување порасна за 35 отсто и надмина 1.400 долари за илјада кубни метри.

Ако дојде до разгорување на кризата, последиците засега тешко дека некој ќе може да ги контролира и очекувано е дека дирекно ќе се одразат и на животниот стандард на граѓаните, па оттаму земјите во регионот уште пред да се случи руската инвазија подготвуваа сценарија за да спречат големи ценовни шокови, но пред се да спречат недостиг на основните прехранбени продукти.

Александар Вучиќ, претседателот на Србија уште пред две недели изјави дека тамошните власти нарачале 30 милиони килограми сол и еден милион килограми грашок и грав, исто како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав.

 

На табелата подолу може да погледнете како се движела трговската размена меѓу двете земји во периодот од 2018 – 2021 година:

                                                                                                                  

одина2018 201920202021
Извоз9.78912.67511.60418.302
Увоз123.079139.560103.361151.009
Вкупно132.868152.235114.965169.311
Дефицит-113.290-126.885-91.757-132.707

Извор: Државен завод за статистика на РСМ

 

Во следнава табела може да се види кои се најзначајни македонски извозни производи во Украина за 2021 година со вредност од над 100.000 американски долари.

                  во САД$

Име на прозводот2021 год. 
Лекови кои содржат антибиотици или нивни деривати кои содржат други антибиотици, наместени во одмерени дози или во форми или пакувања за малопродажба6.085.618
Електрични акумулатури3.531.772
Зелка и сличен зеленчук, свеж или разладен2.210.905
Тутун неизжилен1.510.888
Останати производи за

исхрана

933.520
Електрични проточни или акумулациони грејачи на вода870.195
Лекови кои се подготвени во измерени дози или во форми или пакувања за малопродажба678.476
Други заварени цевки што не се со кружен попречен пресек466.502
Ткаенини од стаклени влакна253.802
Маици, поткошули и други елеци, плетени или хеклани129.628

Извор: Завод за статистика на РСМ

 

 

Увозната структура од Украина во Македонија за 2021 година со вредност над 100.000 американски долари.     

                   

Име на производот2021 год. 
Плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, не повеќе обработувани од топло-валаните со ширина од 600мм или повеќе, намотани115.821.124
Шипки и прачки од железо и нелегиран челик, не повеќе обработувани од топло-валани, со вдлабнатини, засеци, жлебови или други деформации добиени во процесот на валање или усукани после валање5.448.667
Други полупроизводи од железо или нелегиран челик, до 0,25% јаглерод, со содржина по маса помала од 0,25% на јаглерод, на правоаголен

освен квадратен) по

речен пресек

4.016.875
Поливинил хлорид, неизмешан со други материи2.611.593
Листови за фурнир и шперплочи од друго дрво1.505.227
Ореви обични, свежи или суви1.227.617
Балони, шишиња, тегли, лонци, фиоли, ампули и други контејнери, од стакло, за  транспорт или пакување на стоки, тегли од стакло за конзервирање, затки, поклопки и други затварачи од стакло1.222.209
Ладно валани производи, неплатинирани, 600мм и повеќе, дебелина 1-3мм, не  намотани1.042.214
Друга хартија и картон непремачкана со маса 225г/м2 и поголема1.017.216
Рафинирано масло од палма и негови фракции978.979

Извор: Завод за статистика на РСМ

С.М.

економија пченица Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.