НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Оштетени 40 возила од леталото што падна кај Загреб

0
By НОВА ТВ Balaban on March 12, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Можеме да кажеме дека имавме многу среќа во оваа голема и тешка несреќа, во која се оштетени околу 40 автомобили, изјави хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ кој, заедно со членови на Владата, денеска го посети местото на падот на беспилотното летало коешто прексиноќа по 23 часот се урна кај Јарун крај Загреб.

Леталото очигледно е лансирано на територијата на Украина, но не знаеме чие е, а и украинската и руската страна велат дека не е нивно. Леташе над  Хрватска околу 7 минути и тука се урна, буквално кадешто има 7.500 студенти, ресторан, станбени згради, ноќен клуб,… Можеме да кажеме дека имавме многу среќа во оваа голема и тешка несреќа, во која се оштетени околу 40 автомобили, изјави хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ кој заедно со членови на Владата денеска го посети местото на падот на беспилотното летало коешто вчера се урна кај Јарун крај Загреб.

Полицијата, заедно со воената полиција го спроведува увидот, којшто ќе продолжи во потесната зона на инцидентот, каде ќе се обидат да го извадат делот од леталото кој се вкопал во земјата.

– Како што видовте, вчера веќе се сретнав со сите лидери на ЕУ, испратив формално писмо до сите, информирајќи ги за инцидентот и дека вакво нешто може да се случи во друг град, ова теоретски може да биде Будимпешта, Љубљана, Братислава… важно зајакнување и интензивирање на меѓусебната соработка. Дали е ова случајно, грешка или намерно, не знаеме, има претставници од државното правобранителство и од полицијата и армијата, прво ќе се обидат да го ископаат леталото и да видат дали има податоци во него, додаде Пленковиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Инцидентот, според хрватскиот премиер, значи и дека во иднина треба да се зајакне соработката помеѓу земјите членки на НАТО.

-Ова укажува на потребата од поблиска соработка во рамките на самото НАТО, оваа ситуација повеќе не може да се толерира и не треба да се случува, ова е јасна и недвосмислена закана на која треба да се одговори, ќе ја подигнеме на ниво на сите тела, додаде Пленковиќ.

Тој наведе дека ќе побара објаснување како е можно да се случи вакво нешто без да се вклучи соодветен аларм.

– Овој проектил можеше да слета на нуклеарна централа, така што за Унгарија би бил поголем проблем отколку за нас. Овде е очигледно дека немаше добра реакција или комуникација со другите земји. За среќа,  вака заврши, изјави Пленковиќ.

 

Андреј Пленковиќ возила Леталото оштетени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.