Но, не губете надеж, бидејќи со вистинските лидери, Америка ќе се врати, ќе биде посилна од било кој било кога, рече Трамп на состанокот во американската држава Џорџија, пренесе „Дејли мејл“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше сегашниот Џозеф Бајден, велејќи дека „во 15-те месеци откако стана претседател, направил толку штета, колку што не направиле колективно, петте најлоши американски претседатели.
– Помина повеќе од една година, за тоа време успеа да го убие, буквално да го убие американскиот сон. Но, не губете надеж, бидејќи со вистинските лидери, Америка ќе се врати, ќе биде посилна од било кој било кога, рече Трамп на состанокот во американската држава Џорџија, пренесе „Дејли мејл“.
Трамп тврди дека рускиот напад врз Украина никогаш немало да се случи доколку тој беше претседател.