Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски во Софија – ќе има ли шанса да разговара со Петков за блокадата?

0
By Соња Крамарска on March 28, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 28, 2022 11:22

Во Софија денеска започна состанокот на шефовите на влади на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа. После минатонеделниот вонреден самит на НАТО, продолжуваме со координација на заедничките безбедносни стратегии кон ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа, порача македонскиот премиер Димитар Ковачевски на почетокот на самитот.

Во фокусот на состанокот, чиј организатор и домаќин е претседателот на Владата на Бугарија Кирил Петков, се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската воена инвазија на Украина. Учесници се освен македонскиот премиер и бугарскиот домаќин, и премиерите на Романија Николае Чука и на Црна Гора Здравко Кривокапиќ.
На маргините на состанокот се очекува Ковачевски да има посебни средби со премиерите од регионот, при што за нас е од особена важност средба со бугарскиот колега Кирил Петков. Северна Македонија и Бугарија, како што беше навестено и од шефот на дипломатијата Бујар Османи, постигнале одреден напредок во разговорите за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, меѓутоа како што нагласи Османи, се уште се далеку од конечно решение.

Македонската страна постојано истакнува дека секоја средба со бугарски претставници ќе биде користена за да се претстават нашите позиции и да се направи обид за доближување на ставовите на двете земји за постигнување на договор.

 

Бугарија Димитар Ковачевски Југоисточна Европа НАТО самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.