НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се зајакне пост ковид рехабилитацијата, алармираа лекари на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Biljana on April 3, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истакнати лекари дебатираа на тема „Состојбите во здравството“ на денешната трибина која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци, рече доктор Миленко Костов кој посочи дека протоколите за лекување на Ковид-19 се жива материја и оти постојано треба да се адаптираат во зависност од ситуациите што ги носи секоја варијанта на вирусот.

„Во оваа фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација на пациентите кои што се пост КОВИД, дали тоа се срцеви тегоби, проблеми со периферниот нервен систем, дали имаат проблем со белите дробови, бубрези, бидејќи вирусот е хематоген и допира до секоја една клетка, до секоја една клетка во организмот“, појасни доктор Костов.

Доктор Ристо Симеонов, пак, истакна дека во јавното здравство има исто така квалитетни доктори како и во приватното меѓутоа проблемот е организацијата, менаџирањето, едукацијата и системот на награди.

„Јас сум доктор во приватно здравство, меѓутоа свесно тврдам дека квалитетни доктори има и во јавното здравство. Во јавното здравство проблемот е организација на системот менаџирање едукација и награда. Тие доктори во јавно здравство кои што двојат од останатите треба да им се најде модул како да бидат наградени. Еден од начините е да му се даде право на пациентот на здравствен систем меѓутоа сето тоа регулирано преку фондот за здравствено осигурување. Тоа е конкурентност, која ќе роди со квалитет. Системот на награда треба да се одбере соодветен модел без притоа да се наштети на некој а да се награди другиот. Постојат такви модели на пример во Словенија конкретно за хирургија, наградата е според бројот на поминати часови во операциона сала“, нагласи Симеонов.

ВМРО-ДПМНЕ Состојбите во здравството трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.