НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ек на декларирана борба против корупцијата, ДКСК работи со 53 отсто кадар од предвидениот

0
By Biljana on April 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од предвидените 64 работни места пополнети се 34 во Државната комисија за спречување на корупцијата, што претставува 53 отсто пополнетост, се вели во годишниот извештај за работењето на Комисијата во 2021 година.

Билјана Ивановска претседателка на ДКСК, на прашањето на Нова ТВ зошто досега не се пополнети и останатите места, вели дека причина се неодобрени финансиски средства за нови вработувања.

-Од 2019 година секоја година поднесуваме план за вработување до Министерство за финансии за пополнување на работните места предвидени со систематизациата но во 2020 година запре тој процес поради пандемијата. Минатото лето исполнивме максимум слободни места, а сега чекаме да ги пополниме и останатите, вели  таа.

Според Катица Николовска од ДКСК, има огромен интерес за вработување и тоа на речиси сите позиции објавени досега.

-За сите позиции досега пријавеноста е огромна. Имаме 270 пријави за 13 месеци и има огромна разлика во однос на пријавеноста од минатата година.

Иако државата  на светските мерења покажа подобар резултат во однос на минатите години, сепак корупција и натаму е еден од главните проблеми во Северна Македонија. Според Транспаренси Интернешенл нашата земја во 2021 беше рангирана на 87 место според индексот на перцепција за корупцијата, што е подобар резултат за 24 места од претходната година кога бевме позиционирани на 111 место од вкупно 180 земји.

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз деновиве упати порака со загриженост поради застојот во земјава на планот на борбата против корупцијата. „Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем поради корумпирани административци или коруптивни практики, тоа има негативен ефект врз општеството. Корупцијата води кон лажни, па дури и кон насилни наративи. Корупцијата ја еродира довербата на граѓаните во институциите. Белата куќа кажа дека антидемократските сили ја користат корупцијата како оружје за да ги искористат слабостите и поделбите меѓу слободните држави“, рече таа.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска на денешниот брифинг со новинарите посочи дека корупцијаи натаму е широко распространета во земјава.

„Нема каде нема корупција. 50 отсто од активностите за спречување корупција не се ни започнати со реализација, односно реализирани се само 20 отсто од нив, а ова е загрижувачки податок. Сакаме Собранието да потпише одговорност и отчетност за оние кои не ги спроведуваат активностите предложени со националната стратегија за спречување корупција бидејќи законот е донесен, изгласан и треба да се почитува“, истакна таа наведувајќи дека министерствата за труд и социјала и за земјоделие, како и во спортот, има речиси целосна незаинтересираност за имплементација на мерките од Националната стратегија за спречување на корупција.

Како што потенцира Ивановска, поради промена на кадри во министерствата има тешкотии за обезбедување на податоци за тоа каде има корупција, а додека граѓаните се жалат и за нефункционалност на инспекциските служби.

„Бараме силен механизам за институционална одговорност и интензивирање на активностите во Собранието и да се обезбедат средства за ДКСК за подобра комуникација со институциите“, порача таа. (М.Т.)

 

актуелно вработувања ДКСК Корупција Македонија национална стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.