НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силен притисок за прекин на штрајкот во градинките, СОНК најавува кривични пријави

0
By Biljana on April 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сериозен притисок за прекин на штрајкот во неколку детски градинки во Скопје и во внатрешноста.

Од СОНК алармираат дека, на првиот ден од штрајкот во образованието, воспитувачки од градинките во Општина Центар, во градинката „Орце Николов“ во Карпош, како и негователки и воспитувачки во повеќе градинки во Општините Валандово и Гевгелија добивале притисоци да го прекинат штрајкот и да се вратат на работните обврски за да ги згрижат децата.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека членови на синдикатот вработени во градинките пријавиле оти им бил вршен притисок да го прекинат штрајкот. Тој најави дека ќе поднесат и кривични пријави онаму каде што имало сериозни притисоци.

„Никој не се поколебал, штрајкот трае секаде. Имаме и документација од една градинка во Битола, каде се бараат списоци и други активности кои се во спротивност со правилата за штрајкување, па постои основа за кривична пријава. Ние не би сакале кон ниту еден директор или некој од надвор кој врши притисок да поднесуваме кривични пријави, но во 21 век нема да дозволиме на некој да му се крати правото на изразување на протест поради незадоволство“, вели Неделков и додава дека очекуваат во текот на утрешниот ден да седнат на маса со надлежните и да најдат заедничко решение.

Од СОНК најавуваат дека штрајкот ќе продолжи утре.

„Дури и вечерва да се договориме со Владата, дури и денеска да се постигне решение за проблемот, тие предлози ќе мора да одат кај нашите синдикални органзиации, да добиеме овластување за прекин наштрајкот или евентуално за одбивање на предлогот. Таа процедура мора да се запази и бара соодветно време“, рече Неделков и посочи дека голем број на вработени во образованието кои не се членови на СОНК го поддржале и се приклучиле на штрајкот.

Средбата со надлежните, според нив, најверојатно ќе се одржи утре. 

Во меѓувреме, информации стигнуваат од повеќе градови ширум Македонија. Наставниците и професорите во сите основни и средни училишта се на своите работини места, но во посебна просторија. Така, во основните и средните училишта во Струмичко и во Радовишко нема настава во училиштата, додека во градинките некаде се примаат деца, некаде не, односно вработени во тие установи се поделени околу штрајкот.

25.000 просветни работници, вклучително и вработени во детските градинки, го изразуваат своето незадоволство поради ниските плати. Тие бараат усогласување на платите во образовниот сектор со минималната плата, односно зголемување на платите во образованието за 18,4 отсто.

Поддршка за штрајкот на просветните работници стигна и од Конфедерацијата на слободни синдикати, Независниот синдикат на Граѓански непрофитни организации дава целосна и безрезервна поддршка и Синдикатот на Клинички центар.

Б.Б.

актуелно образование СОНК штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.