Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ги демантиравме скептиците дека нашата Армија не е подготвена да ја засили источната линија на НАТО, вели Петровска

0
By Biljana on April 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2022 14:24

Се уште таква одлука немаме донесено и како што се уверивме и од денешната вежба ги демантиравме сите скептици дека нашата Армија не е подготвена. Но, таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме.

Ова е одговорот од министерката за одбрана Славјанка Петровска на новинарско прашање дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилувањето на источната линија на НАТО-Алијансата.

На прашањето дали е испорачана помош во Украина, министерката Петровска информира дека се испорачува во повеќе фази.

– Се разбира дека заради специфичноста и доверливоста не го соопштуваме тоа, но ги соопштивме двете одлуки кога донесовме одлуки за тоа, изјави министерката за одбрана Петровска денеска на армискиот полигон Криволак, каде се одржуваше Денот за високи гости на вежбата БЛЕСОК 22.

Министерката за одбрана информираше дека најмногу средствата во одбраната се насочени кон купување нова софистицирана опрема, а испораката на првите, како што е најавено, шест американски оклопни возила ќе почне некаде во јуни оваа година.

Таа најави дека медиумите ќе бидат поканети да присуствуваат на нивното примопредавање.

Инаку, најголемиот дел, повеќе од 30 проценти се вложува во модернизација.

– Минатата недела го донесовме и планот за набавки од областа на одбраната и безбедноста, но преку договори Влада со Влада. Таму има опфатени осум проекти кои се однесуваат и на зголемување на капацитетите, на одбранбени капацитети на лесниот пешадиски баталјон. Меѓутоа набавки и во областа на артилерија и други набавки кои се потребни за армијата. Сите тие набавки се прават согласно долгорочниот и среднорочниот план за развој на армијата, нагласи министерката Петровска.

актуелно армија Дома одбрана Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.