Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави дека „никој не сака избувнување на трета светска војна“, откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров коментираше дека опасноста од нуклеарна војна е реална.
„Никој не сака да види избувнување на трета светска војна“, рече на брифинг за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Ванг рече дека Кина се надева дека „мирот ќе се одржи“ и дека двете страни „ќе бидат воздржани“ и дека „ќе се избегне предизвикување тешка ситуација во Европа и во светот“.
„Треба да размислиме како вителот на геополитичките конфликти повторно се зголеми во Европа, повеќе од 30 години по крајот на Студената војна“, рече Ванг.