НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Ќе го информирам Петков дека ќе отвориме културен клуб на Македонија во Благоевград

0
By Соња Крамарска on April 28, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во размена на прашање и одговор со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на денешната седница на Собранието за пратенички прашања, премиерот Димитар Ковачевски рече дека ќе го информира бугарскиот колега Петков за намера на Македонија за отворање културен клуб во Бугарија.

„Ќе го информирам премиерот Петков дека имаме намера да отвориме нов културен клуб на Македонија во Бугарија, овојпат во Благоевград, а името ќе го договориме со нашиот Институт за историја“, рече Ковачевски.

Во врска со обвинувањето дека Владата не реагирала на бугарскиот клубот во Битола што го носи името на Ванчо Михајлов, Ковачевски и рече на Мизрахи: „Мене ме прашувате за Ванчо Михајлов а во Белата палата ви стојат негови слики“!

Мизрахи на денешната седница за пратенички прашања рече дека отворањето на клубот било понижувачко и дека на него присуствувал цел државен врв на Бугарија кој го негира нашиот идентитет, а Владата не прави ништо и нема никаков одговор на ваквите провокации.

Премиерот Ковачевски од говорницата одговори дека за него Ванчо Михајлов е поврзан со директна соработка со фашистички и нацистички режим, негативен лик кој направил огромна штета на македонскиот народ, човек кој учествувал во ликвидација на македонски револуционери и соучесник во режимот кој ги депортирал македонските Евреи во логорите на смртта.

„Како се чувствувам за отворањето на клубот со негово име – нималку добро. Мојот став за ликот и делото на Вачно Михајлов е ист, не е променет и кога неговата биста беше поставена во музејот во Ново Село, Штип, со говор на вашиот почесен претседател Никола Груевски. Ист е и кога неговата фигура беше поставена во Музејот во Скопје како дел од криминалниот проект на Груевски и вашата партија ‘Скопје 2014’. Незнам дали само го имате на сликите во вашате Бела палата, тоа само вие го знаете. Но знам дека токму ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник на Ванчо Михајлов, а тоа е срамно и недозволиво. Исто како што и ваши членови беа на отворањето на клубот во Битола. Срамно е што во вашиот статут и грб се повикувате на континуитетот на Тодор Александров и Протоѓеров за кого редовно пеете песни. Имено, нивниот ученик Ванчо Михајлов ги организираше нивните ликвидации, како што сложно тројцата претходно учествувале во ликвидација на левичарски револуционери. И сега вие мене ме прашувате за Ванчо Михајлов, па свртете се околу вас во вашиот бел дворец, видете ги сликите. Прашајте ги вашите ветерани и тие ќе ви кажат дека тие го слават Ванчо Михајлов, а не јас ниту СДСМ, ниту најголем дел од нашите граѓани“, рече  Ковачевски.

Димитар Ковачевски клуб Ванчо Михјлов пратенички прашања Рашела Мизрахи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.