НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пекинг и Шангај повторно погодени од ковид

0
By Соња Крамарска on April 29, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Пекинг денеска се затворени дополнителен број продавници и објекти поради ширењето на Ковид-19, станбените блокови се под строги мерки за изолација, а властите се обидуваат да откријат што е можно повеќе контакти на заразените, додека во Шангај, каде веќе еден месец се во сила строги рестриктивни мерки, незадоволството се повеќе расте.

Областа Чаојанг во Пекинг, со 3,5 милиони жители, е првата во која започна масовно тестирање. Во меѓувреме, цели станбени блокови се „заклучени“ и станарите не можат да ги напуштат своите домови. Во Пекинг вчера се регистрирани 49 случаи на инфекција, во споредба со 50 претходниот ден.

Градските власти во главниот град на Кина се во трка со времето и се обидуваат да откријат што е можно повеќе случаи на коронавирусот и да ги изолираат луѓето кои биле во контакт со заразените.

lg.php.gifЗатворени се и теретани, трговски центри, кина, базени и велнес центри, како и библиотеки, а на доставувачите на пошта и храна им е забранет влез во некои населби и станбени области.

Жителите се предупредуваат дека ќе одговараат законски доколку не ги почитуваат рестриктивните мерки и придонесат за ширење на епидемијата.

Во меѓувреме, во Шангај, кој веќе еден месец е во строг „локдаун“, се зголемува гневот и незадоволството. Секоја вечер жителите на оваа финансиска престолнина своето незадоволство го изразуваат со удирање по тави и тенџериња.

Поради строгите мерки за изолација, странците масовно го напуштаат овој најкосмополитски град во Кина.

Ковид-19 Пекинг Шангај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.