Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР демантира дека е баран агреман од Брисел за Теута Арифи

0
By НОВА ТВ Terziova on April 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 29, 2022 17:55

МНР доцна вечерва ја демантираше информацијата дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Македонија во Брисел. Оваа реакција дојде откако рано вечерва медиумите објавија информација дека предлогот на Владата за амбасадорка во ЕУ во Брисел да биде испратена Теута Арифи, не го поминал филтерот на ЕУ.

„Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија“, велат од МНР. Притоа МНР тврди и дека сеуште нема усогласен предлог на државата за амбасадор во ЕУ.

Ова е вторпат името на поранешната градоначалничка на Тетово да се најде во вести за негативна селекција, а состојбата се комплицира и поради брифирањата од владејачката структура за амбасадорската иднина на Арифи. Претходно беше брифирано дека е предложена за амбасадорка во САД, но не ги поминала филтрите на Стејт департментот во Вашингтон.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на почетокот на март потврди дека Владата одобрила шест амбасадорски имиња, но одби да соопшти за кои личности се работи. Во тој пакет беше и Теута Арифи за амбасадорка во ЕУ – информација која Владата цел месец не ја демантираше се додека вечерва не се појави веста дека Брисел го одбил предлогот.

По наводната мартовската владина одлука тогаш се огласи и опозициската партија Алијанса за Албанците која побара Европската Унија да ја одбие акредитацијата за Теута Арифи.

„Наша должност е, како граѓани на оваа земја и како опозиција, да побараме од ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Нејзината акредитација би била многу штетен сигнал за правдата, бидејќи стекнувањето дипломатски имунитет од страна на Арифи би значело прекинување на нејзините кривични предмети“, изјави Арбен Фетаи, раководител на Одделот за евроинтеграција на Алијансата за Албанците.

 

амбасадор ЕУ Македонија Теута Арифи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.