НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО се корегира – ковидот не покосил 5 туку 15 милиони луѓе во светот

0
By Соња Крамарска on May 5, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пандемијата на ковид предизвика смрт на речиси 15 милиони луѓе ширум светот, проценува Светската здравствена организација (СЗО). Тоа е 13 посто повеќе смртни случаи отколку што вообичаено се очекуваа. СЗО верува дека многу земји пријавиле помалку починати од ковид отколку реалната бројка- пријавени беа само 5,4 милиони.

Само во Индија имало 4,7 милиони смртни случаи од ковид, што е 10 пати повеќе од официјалните бројки – и речиси една третина од смртните случаи од ковид на глобално ниво. Индиската влада ја доведе во прашање проценката, велејќи дека се сомнева во методологијата, меѓутоа и други студии дојдоа до слични заклучоци за обемот на смртните случаи во земјата.

Методологијата што ја користи СЗО се нарекува прекумерна смртност – колку повеќе луѓе умреле отколку што вообичаено би се очекувало врз основа на смртноста во истата област пред да ја погоди пандемијата.

Овие пресметки, исто така, ги земаат предвид смртните случаи кои не биле директно поради ковид, туку предизвикани од неговите ударни ефекти, како што се немање пристап на луѓето до болниците. Исто така, се должи на лошото водење на евиденција во некои региони и ретко тестирање на почетокот на кризата. Но, СЗО рече дека поголемиот дел од дополнителните 9,5 милиони смртни случаи наспроти 5,4 милиони пријавени смртни случаи од ковид се директни смртни случаи предизвикани од вирусот, наместо индиректни смртни случаи.

Зборувајќи за размерите на бројките, д-р Самира Асма, од одделот за податоци на СЗО, рече „Тоа е трагедија. Тоа е неверојатна бројка и за нас е важно да им оддадеме почит на изгубените животи и мораме да бараме одговорност од креаторите на здравствената политиката“, рече таа. „Ако не ги броиме вистински починатите, ќе ја пропуштиме можноста да бидеме подобро подготвени за следниот пат“, додаде Асма.

Покрај Индија, земјите со најголем број смртни случаи, кои пропуштиле да ги стават во домашните статистика се и Русија, Индонезија, САД, Бразил, Мексико и Перу, покажуваат бројките на СЗО. Бројките за Русија се три и пол пати повеќе од регистрираните смртни случаи во земјата.

Извештајот исто така ги разгледува стапките на прекумерна смртност во однос на големината на населението во секоја земја. Стапката на смртност во Обединетото Кралство – како и во Америка, Шпанија и Германија – го надмина глобалниот просек во текот на 2020 и 2021 година.

Меѓу земјите пак кај кои нема голема разлика меѓу пријавените и реалните бројки на починати се Кина, која сè уште спроведува политика на „нулта ковид“ која вклучува масовни тестирања и карантини, Австралија, која воведе строги ограничувања за патување за да го задржи вирусот надвор од земјата, и Јапонија и Норвешка. (Р.Н.)

Ковид СЗО смртни случаи во светот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.