НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во хрватските училишта на систематски преглед ќе се проверува дали децата имаат висок холестерол

0
By НОВА ТВ Terziova on May 8, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: rtl.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наследниот висок холестерол кај училишните деца во иднина ќе се открива во склоп на систематскиот преглед за упис во основно училиште, најавено е на стручниот здравствен конгрес што се одржа од 6 до 7 мај во Опатија.

Како дел од систематскиот преглед, децата ќе прават анализи на крвта и ќе се проверува нивото на холестерол, изјави академик Жељко Рајнер на конгресот Futur Z, нагласувајќи дека ова е голем чекор напред во навременото откривање на наследниот покачен холестерол.

– Иако семејната хиперхолестеролемија звучи како ретка болест, таа го погодува секој 300-ти граѓанин и е една од најчестите наследни болести, предупреди Рајнер.

Тој објасни дека болеста се јавува при раѓање, а пациентите имаат десет пати поголем ризик од предвремени кардиоваскуларни проблеми. Затоа е важна можноста за скрининг за наследен покачен ЛДЛ холестерол, кој се планира да се воведе до крајот на оваа година преку системот на училишна медицина.

Идејата е на секое дете, кое ќе дојде на систематски преглед пред да се запише во прво одделение во основно училиште, да му се провери вредноста на ЛДЛ холестеролот.

– Со ова ќе се откријат деца кои веќе имаат висок ЛДЛ холестерол и ќе им дадат насоки за натамошен третман, но информациите би биле важни и за семејството на детето, кое исто така ќе биде упатено на проверка на вредноста на ЛДЛ холестерол поради сомнителна семејна хиперхолестеролемија, објасни Рајнер.

Директорот на Клиничката болница во Риека, Ален Ружиќ, истакна дека кардиоваскуларните болести се уште се главна причина за смртност во Хрватска, а главен фактор на ризик е високиот ЛДЛ холестерол. Тој посочи дека се работи за асимптоматска состојба, во која пациентот не е свесен за опасноста.

#хрватска #холестерол

деца Клиничка болница проверка регион ученици холестерол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.