Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчо Минов бара написмено докази за пцостите на Талат Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ги стокми сосе сведоци

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 17, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 17, 2022 13:19

Пратеникот Панчо Минов, кого ВМРО-ДПМНЕ го повика да свика седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања како нејзин претседател за да му се изрече јавна опомена на собранискиот спикер Талат Џафери поради наводно изречените пцости кон вработени во законодавниот дом, во изјава за Нова вели дека таквото барање партијата треба да го достави во писмена форма и да обезбеди докази дека е направен прекршок на Етичкиот кодекс.

Комисијата, во зависност од тежината на прекршокот, освен јавна опомена може да донесе одлука и за суспензија на пратеник во траење од еден месец или забрана да претседава со работните тела на Собранието во траење до еден месец.

– Сигурно дека ќе свикам седница на Комисијата и ќе отвориме постапка, но за тоа треба прво да има писмена пријава и писмени докази, вели Минов за Нова.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе ги почитуваат процедурите и дека ќе поднесат иницијатива за да се свика седница на Комисијата за имунитетни прашања, но се вчудоневидени зошто тоа досега не го направи нејзиниот претседател Панчо Минов, на негова иницијатива кога навредите и пцостите што ги изрече Џафери, велат од ВМРО-ДПМНЕ, беа искажани пред сведоци кои ќе сведочат и на седница, а доказите се достапни преку аудио запис дури и за јавноста. Настрана што, пратениците не смеат да дозволат да го премолчат прекршувањето на Етичкиот кодекс во законодавниот дом од било кого, а камоли од претседателот на Собранието, кој е втор човек по функција во државата.

Пратеникот Антониот Милошоски вели дека Џафери сторил тешка повреда на Етичкиот кодекс затоа што не смее пратеник да врши притисок на државните службеници и на другите вработени во Собранието во извршувањето на нивните работни задачи, настрана што тоа тој го прави на вулгарен и недоличен начин. 

Тој се повикува на членот 14 од Кодексот за етичко однесување на пратениците кој е усвоен во 2018, а како прв предлагач е потпишан  пратеникот Талат Џафери.

– Истиот пратеник од позиција на претседател на Собранието на 11 мај, како што слушна целата јавност, со крајно вулгарен речник врши притисок кон вработените во службата за седници во Собранието, пцуејќи ги нивните мајки и омаловажувајќи го нивното достоинство. Ова е досега најтешката повреда на Етичкиот кодекс, која мора да биде санкционирана, вели Милошоски.

 На аудио снимката, која била снимена тајно може да се слушне како маж извикува навредливи и недолични зборови, наводно кон вработени во собраниските служби. Оваа аудио снимка беше објавена на Твитер.

С.М.

 

 

 

Панчо Минов пцости Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.