НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

0
By Biljana on May 17, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Честите извештаи за поставени бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи земјата не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. Овие извештаи за бомбите се и притисоци од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми.

За потсетување, околу стотина училишта во Белград вчера беа евакуирани по дојавите за бомби кои се покажаа како лажни. Дојава била испратена и до аеродромот во Ниш, а во последните денови и до трговски центри, железничката станица во Нов Белград и двапати до зоолошката градина.

Серијата дојави за поставени бомби започна во март, прво со авиокомпанијата „Ер Србија“, која продолжи да лета на линијата Москва-Белград по почетокот на руската инвазија на Украина. Украина тогаш ја обвини Србија за профитерство поради зголемениот број летови за Русија во време на западни санкции против таа земја.

Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека невоведувањето санкции кон Русија се покажало исклучително скапо, бидејќи главното прашање за инвеститорите е зошто Србија сè уште не го сторила тоа. Според неа, тоа дополнително го забавува понатамошниот раст на земјата.

И други српски функционери гледаат на честите извештаи за бомби, како дел од специјална, психолошка војна против Србија, чија цел е, како што велат, да ги заплаши луѓето, да ги наруши секојдневните рутини и да создаде нестабилност.

Брнабиќ регион Русија санкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.