НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Испитување, истрага и неизвесност за војниците кои излегоа од Азовстал

0
By Соња Крамарска on May 18, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија денеска соопшти дека се предале речиси 1.000 украински војници од џиновската челичарница во Мариупол, напуштајќи ги своите позиции кои беа симбол на отпорот на нивната земја.

Украина им нареди на борците да ги спасат своите животи – и рече дека нивната мисија да ги поразат руските сили е завршена – но не го нарече тоа предавање како што тврди руската страна. Борците сега се соочени со неизвесна судбина, при што Украина тврди дека се надева на размена на затвореници, но Русија најави дека ќе им суди, барем на некои од нив, за воени злосторства.

Не е јасно колку борци остануваат во упориштето, последното во Украина во градот кој сега е претежно претворен во урнатини. Двете страни се обидуваат да го обликуваат наративот и да извлечат пропагандни победи од она што беше една од најважните битки во војната.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, денес изјави дека 959 украински војници во последните 24 часа ја напуштиле фабриката Авозстал. Во еден момент, официјалните лица наведоа дека бројот на борци кои се кријат во големата мрежа од тунели и бункери на фабриката е дури 2.000.

Бројките, доколку бидат потврдени, сугерираат дека Москва можеби се уште не може да тврди дека паднал целиот Мариупол. Војниците со месеци ја бранеа фабриката но во вторникот министерот за одбрана на Украина рече дека издал нова наредба до борците „да си ги спасат животите“.

Што ќе се случи сега со борците не е јасно. Некои од нив се однесени во поранешна казнена колонија на територија контролирана од сепаратистите поддржани од Русија. Украина вели дека се надева дека тие можат да бидат разменети за руски воени заробеници и дека преговорите се чувствителни и одземаат многу време.

Но, во Москва се зголемуваат повиците за судење на украинските војници. Главното федерално истражно тело на Русија соопшти дека има намера да ги испрашува војниците за да ги „идентификува националистите“ и да утврди дали тие биле вклучени во злосторства против цивили. Исто така, главниот руски обвинител побара од Врховниот суд на земјата да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација. (преземено од Асошијетед Прес)

Азовстал војници судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.