НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенискиот ас Борис Бекер ќе биде депортиран од затворот во Велика Британија

0
By Соња Крамарска on May 25, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Борис Бекер е префрлен во затвор кој се користи за притворање странски криминалци, што укажува дека ќе биде депортиран од Велика Британија на крајот на казната. Според Тајмс, адвокатот на Бекер им рекол на новинарите во Берлин дека тој бил префрлен во затворот Хантеркомб во Оксфордшир.

Поранешниот светски тенисер број 1 беше однесен во затворот Вандсворт, затвор од Б категорија, откако беше затворен на две и пол години бидејќи прикрил имот од 3  милиони евра за да избегне да ги плати парите што ги должи по неговиот банкрот.

Бекер (54) живее во Велика Британија од 2012 година, но нема британско државјанство. Неговиот адвокат потврди дека тој е сега во затворот за странци. „Борис Бекер денеска беше префрлен во затворот Хантеркомб. Тоа е затвор од категорија Ц, што значи дека има ниско ниво на безбедност“, изјави тој.

Последната инспекција во затворот Хантеркомб во 2017 година покажа дека од 197 мажи ослободени од затворот, 185 биле веднаш депортирани.

Бекер ќе влезе во групата за автоматска депортација бидејќи е странски државјанин без британско државјанство кој добил затворска казна од повеќе од 12 месеци. Бекер, кој има 12-годишен син Амадеус, со неговата сопруга Шарли „Лили“ Бекер со која живее раздвоено, може да поднесе жалба против депортацијата.

Бекер беше осуден според Законот за несолвентност и беше прогласен за виновен за четири обвиненија од страна на поротата на крунскиот суд во Саутворк минатиот месец, но беше ослободен од дополнителни 20 обвиненија во врска со неговиот банкрот во 2017 година. Казната затвор за тие дела може да изнесува и до седум години.

Тој беше осуден на двегодишна условна казна за даночно затајување и обид за даночно затајување во вредност од 1,7 милиони евра и во Германија во 2002 година. Осврнувајќи се на таа пресуда, судијата рече: „Не го послушавте предупредувањето што ви беше дадено и шансата што ви бешедадена со условната казна и тоа е значително отежнувачки фактор“. (Гардијан)

Борис Бекер депортација затвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.