НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француската полиција обвинета дека фрлала солзавец врз навивачите на Ливерпул на финалето со Реал Мадрид

0
By НОВА ТВ Terziova on May 30, 2022 ВЕСТИ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финалето од фудбалската Лига на шампиони во саботата вечерта почна со големо задоцнување поради хаосот пред влезовите на стадионот „Сен Дени“, каде што беа навивачите на Ливерпул и влегоа во конфликт со полицијата, која не ги пушташе да влезат без билети.

Фановите на Црвените ја обвинија УЕФА за лоша организација, а според француското Министерство за внатрешни работи, виновни се англиските навивачи кои имале лажни билети или воопшто немале билети.

Француската полиција беше критикувана поради тоа што фрли солзавец кон некои навивачи на Ливерпул додека чекаа да влезат на стадионот.

Полицијата, исто така, беше обвинета за неорганизираност во справувањето со големите толпи луѓе кои се обидуваа да пристапат до Стад де Франс. Финалето беше одложено за 35 минути поради неволјата надвор од стадионот, а Ливерпул го загуби мечот против Реал Мадрид со 1-0.

На телевизиската снимка од саботата се гледаат млади мажи кои не се облечени во црвени дресови на Ливерпул, скокаат низ портите на стадионот, а потоа бегаат од обезбедувањето. Навивачите на Ливерпул зборуваа дека се создаваат долги редици неколку часа пред почетокот на натпреварот.

 

Лига на шампиони Свет УЕФА финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.