Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.
„5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од 250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство“, вели Трипуновски.
Пратеникот предлага Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви.
Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена, вели во своето соопштение пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.