НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕВН ќе мора да ги чита струјомерите најмалку четири пати годишно

0
By НОВА ТВ Terziova on June 14, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Сакаме да им олесниме на граѓаните да имаат рамномерни трошоци за електрична енергија“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски по работниот состанок со Народниот правобранител Насер Зибери.

„Две независни институции соработуваа за олеснување на проблемите на граѓаните, Народниот правобранител и Регулаторна комисија. Операторот на  Електродистрибуција пристапи кон промени, најмалку четири пати во годината да ги отчитува броилата, особено во зимските месеци каде има најмногу поплаки “, рече Бислимовски.

Како што вели Бислимовски, операторот е должен да претрпи промени за граѓаните да не добиваат сметки без увид во струјомерите, а тарифните блоковите ќе зависат од бројот на денови на отчитување.

„Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случ , на пример, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари, доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании“, вели тој.

Кај Народниот правобранител стигнале многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето.

„Со распределбата секој може да си прави што сака, само кажуваме и испраќаме сигнал до домакинствата дека доколку ја трошат нерационално енергијата ќе плаќаат повеќе. Ние сме енергетски сиромашна земја. Електрична енергија мора да има и апелираме граѓаните да си ја намалат својата потрошувачка. Треба да има струја за сите, и не сметам дека тоа е противуставно. Сето ова е опција за граѓаните, да си направат рамномерна распределба на својот буџет, ние не можеме да ги натераме, ова е со цел да не плаќаат високи сметки, дополнува Бислимовски.

М.Т.

 

БИСЛИМОВСКИ економија електрична енергија Македонија тарифен блок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.