Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Домаќинствата од утре ќе можат да произведуваат и продаваат струја

0
By Соња Крамарска on June 15, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 15, 2022 13:57

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека го потпишал Правилникот за обновливи извори на енергија со кој граѓаните и компаниите ќе можат да произведуваат електрична енергија на нивните покриви а воедно и да ја продаваат на откупувачот или дистрибутерот на електрична енергија.

„Со Правилникот се воведуваат производителите потрошувачи како нови учесници во пазарот со електрична енергија. Согласно Правилникот, потрошувач-производител е домаќинство, мал потрошувач, буџетски корисник, кој може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енергија ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот го дава во електродистрибутивната мрежа“, рече министерот.

Бектеши објасни дека досега вишокот произведена енергија можел да се дава на електродистрибутивната мрежа само ако производителот не е снабдуван со електрична енергија од универзалниот снабдувач.

„Со последните измени, пак, има обврска за универзалниот снабдувач за сите тие кои ќе одлучат да стават такви инсталации на нивните покриви, да го преземе вишокот на електрична енергија, со тоа што ќе може секои шест месеци да се направат дополнителни фактури при што или ќе им се намалат сметките или согласно договорот ќе можат директно да им се плаќа на домаќинствата или пак на правните субјекти кои ќе направат вакви инвестиции“, рече Бектеши.

„До овој момент инсталираната сила била четири киловати за домаќинства, ја зголемуваме на шест киловати, потоа 20 киловати било за малите потрошувачи а сега ја зголемуваме на 40 киловати. Дополнително како Министерство за економија ќе почнеме и со мерка каде што до 30 посто од трошоците за инсталирање на вакви технологии на покривите на домаќинствата, ќе ги покрива Министерството за економија и тоа е во износ до 1000 евра“, посочи министерот.

Крешник Бектеши Правилник за обновливи извори на енергија струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.