НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема шанси Уставот да се промени со оваа преговарачка рамка

0
By Соња Крамарска on June 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „24 анализа“ рече дека последниот предлог од Франција не ветува почетокот на преговори, тоа е само фотосесија во Брисел. Не се вели никаде отпочнување на преговори, туку дополнително уставни промени кои треба да ги вклучат бугарските барања.

„Нема шанси никогаш додека јас сум претседател, ако сум претседател, со оваа преговарачка рамка да дозволам, тие да бидат вклучени и Уставот да претрпи промени. Во оваа рамка, втората работа што треба да се каже е дека Договорот за добрососедство станува дел од преговарачкиот процес заедно со протокол кој никој не го знае. Ако ние не ги смениме учебниците утре, тогаш ќе речат дека го прекршуваат Договорот и тоа е тој протокол за да стават вето“, рече Мицкоски.

Според шефот на опозицијата главниот, како што рече, играч кон Македонија е претседателот на Бугарија. „Радев е главен креатор на политиката и неприкосновен и сега го споредуваме со шоуменот Трифонов. Ако тој вели дека тој предлог е добар, зошто никој не се врати два чекори назад и да зборува за германскиот предлог во времето на Меркел или португалскиот? Дали треба да губиме време да размислуваме или треба веднаш да го отфрлиме. Ова е неодговорно од владата што молчи. Требаше да излезе со став. Си дозволи Макрон и владата да пратат предлог, а тој да не го усогласат со некои канали, а е прецизно усогласен со каналите на МНР според моите информации. После овој предлог не сме подготвени на ништо. Ќе се отвори патот за Албанија, а ние треба да исполниме уште некој услов. Бугарија нема барања кон Албанија, ама има кон нас“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече и дека во сегашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е потполно сигурен околу тоа дека нема да се случи како при гласањето за уставните измени за името, неколку пратеници да се „одметнат“ и да гласаат за владиниот предлог. (Р.Н.)

интервју Преговарачка рамка француски предлог Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.