Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фотогалерија: Поубавите половини на НАТО лидерите во посета на магичната Сеговија

0
By НОВА ТВ Terziova on June 29, 2022 ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 29, 2022 18:46

Шпанската кралица Летиција беше домаќинка на Џил Бајден и на другите сопруги на лидерите-учесници на Самитот на НАТО во Мадрид на излет во историската Сеговија, објави Дејли Меил.

Кралицата Летиција ја прегрна Џил Бајден кога таа пристигна во Сеговија на излетот

Мејси (21) и Финеган Бајден (22), двете внуки на Џил Бајден, им се придружија на прошетката низ античкиот средновековен град.

На излетот се приклучи и Готје Дестене, сопругот на луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел, кој беше отворено првиот геј премиер во светот

На излетот се приклучи и Готје Дестене, сопругот на луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел, кој беше првиот геј премиер во светот. Учествуваа и сопругите на лидерите на Австралија, Словенија, Турција, Белгија, меѓу нив, и нашата прва дама, Елизабета Ѓоргиевска.

Џил Бајден и кралицата Летиција им се придружуваат на другите сопружници на НАТО во гледањето на Герника на Пикасо, неговата позната антивоена слика, меѓу кои е и нашата прва дама Елизабета Ѓоргиевска

Групата уживаше во разгледување на градот на отворено во едно убаво, сончево утро во Шпанија.

Сеговија е северозападно од Мадрид, каде што се одржува овонеделниот самит на НАТО, во централна Шпанија во регионот Кастилја и Леон.

Сеговија е позната по својот средновековен замок, кој служел како еден од шаблоните за замокот Пепелашка на Волт Дизни

Античкиот средновековен град е познат по своите средновековни ѕидини, романескни цркви, римски аквадукт и неговиот средновековен замок, кој служел како еден од шаблоните за замокот Пепелашка на Волт Дизни.

Центарот на градот е прогласен за светско наследство од УНЕСКО во 1985 година.

Групата на сопружници ги обиколи градините на кралската палата Ла Грања де Сан Илдефонсо, во која има фонтани поврзани за митолошки теми

Сопружниците ги обиколија градините на Кралската палата Ла Грања де Сан Илдефонсо. Градините имаат голем број фонтани со теми од митологијата: Фонтаната на Аполон, Фонтаната на Нептун, Фонтаната на Андромеда итн.

Кралицата Летиција, исто така, ги однесе првите дами во обиколка на Кралската фабрика за стакло, и  на Кралската фабрика за таписерија.

Тие ќе ручаат во ресторанот НуБел, кој е познат по предјадењата и севиче од ракчиња.

Сопружниците ќе ја видат „Герника“ на Пикасо, која се смета за една од најтрогателните и најмоќните антивоени слики во историјата

Тие ќе го посетат и музејот „Реина Софија“, пишуваат шпанските медиуми. Тој е дом на Герниката на Пикасо, која се смета за една од најтрогателните и најмоќните антивоени слики во историјата.

Џил Бајден ќе се врати во Вашингтон во среда попладне, па таа вечер ќе ја пропушти вечерата во музејот Прадо. Таа, исто така, ќе пропушти дегустација на масло што ќе се одржи за првите дами во четврток.

Македонија Свет средновековна Сеговија Џил Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.