Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извори за НоваТВ: Новиот француски предлог е со чист македонски јазик и без Протоколот во преговарачката рамка

0
By НОВА ТВ Terziova on June 30, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 30, 2022 16:59

До Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за надворешни работи денеска од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на македонските jaвно изнесени позиции и ставови.

Извори за Нова ТВ неофицијално велат дека во преговарачкиот процес во предлогот стои чист македонски јазик во ЕУ, а Протоколот и историските прашања не се дел од преговарачката рамка. На само неколку часа пред завршетокот на француското претседателство дојде до пресврт во закочениот евроинтеграциски процес на Македонија.

Најпрвин францускиот претседател Емануел Макрон објави од Мадрид дека има решение за бугарската блокада и дека Македонија може да ги почне преговорите, а на него се надоврза и Владата во Скопје која објави дека е пристигнат нов француски предлог.

Ваквиот развој на настаните го поздрави и Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, кој на својот твитер профил објави дека го поздравува решението на француското претседателство со ЕУ за договорот што ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Македонија.

Благодарност упати и премиерот на Македонија Димитар Ковачевски до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот.

(Р.Н.)

Дома Емануел Макрон Македонија Франција француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.