Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смена на генерации доведе до конфликт меѓу белите мантили, на медицинскиот персонал не му се оди во пензија

0
By Соња Крамарска on July 1, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2022 13:25

Директорите на јавните здравствени установи во Клинички центар и Министерот за здравство спротивно на законот, донесоа одлуки за прекин на договорот за вработување на поголемиот број здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж, реагира денес синдикатот на Клиничкиот центар во Скопје.
Синдикатот тврди дека некои директори на здравствени установи и министерот за здравство присилно праќаат медицински персонал во пензија, односно не го почитуваат нивното право со потпишана изјава да останат на работа до 67 години возраст.

„Директорите на здравствените установи и Министерот за здравство немаат законски основ за донесување одлука за прекин на работен однос на здравствен работник, односно здравствен соработник кој дал согласност за продолжување на договорот за вработување,
најмногу до 67 години возраст. Законот не им дава право на директорите на здравствените установи и Министерот за здравство со подзаконски акт, односно со формирање Комисија за анализа на податоците од Мој термин да донесат одлука за прекин на работен однос на оваа категорија работници најмногу до 67 години возраст, доколку тие дале согласност“, се вели во реакцијата.
Се наведува и дека ваквиот пристап без законски и јасно утврдени критериуми остава простор за селективни и дискриминаторски одлуки.
„Синдикатот на Клинички центар ја поддржува заложбата на министерот за здравство за вработување млади доктори и друг здравствен персонал, но во услови на недостиг и одлив на здравствен персонал од јавното здравство, сметаме дека тоа треба да биде дел од системско решение, а не на сметка на високостручен кадар неопходен за едукација на овие млади доктори. Најмалку треба да е причина и основ за донесување на одлуки спротивни на законот“, истакнаа засегнатите.

Синдикатот ги упати на поднесување на тужби. „Синдикатот на Клинички центар ги охрабрува сите здравствени работници и оние здравствени соработници кои дале согласност за продолжување на работниот однос најмногу до 67 години, и на кои им е врачена одлука за престанок на работен однос поради наполнување 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, да поднесат тужба до судот при што во постапката по тужбите Синдикатот на Клинички центар ќе им даде заштита во остварување на нивните права. (Р.Н.)

 

пензионирање Синдикат на Клинички центар тужби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.