НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: Мета на Путин не е само Украина туку Европа

0
By НОВА ТВ Terziova on July 8, 2022 СВЕТ
Фото: tass.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќање до словенечките парламентарци и државниот врв се заблагодари за нивната поддршка на борбата на Украина против руската агресија истовремено предупредувајќи на опасностите што ја загрозуваат европската стабилност преку дејствијата на Русија во најразлични области.

„Русија користи различни инструменти за да не уништи. Нејзината цел не е само Украина, туку Европа како најважна цел, тие сакаат да ја скршат Украина, но и европската стабилност“, рече Зеленски, говорејќи преку видео врска од, како што рече, локација блиску до фронтот.

Тој се обрати пред пратениците во словенечкиот Парламент на вонредната седница на Националното собрание, на која присуствуваа и претседателот на државата Борут Пахор, премиерот Роберт Голоб и сите министри од неговата влада.

Зеленски се заблагодари на словенечката поддршка за Украина да добие статус кандидат за членство во Европската унија, велејќи дека за Украинците европските вредности се основата на нивниот живот во иднина и оти сакаат членство во Европската унија иако како што додаде, во овој момент Унијата не знае колку долго ќе трае патот на интеграцијата на Украина во ЕУ.

Според претседателот на Украина, Русија користи политички, економски и лоби-притисоци за да ја спречи Украина во нејзините активности на меѓународно ниво, користи лаги во своите јавни постапки, намерно провоцира кризи со цел да го наруши единството на Западот во поддршката на нападната Украина.

Еден од таквите инструменти на рускиот притисок е гасната криза што резултира со „ненормален” раст на цените на тој енергенс, а Европа може да очекува и притисок од Русија преку создавање нова миграциска криза, како резултат на блокирањето на извозот на жито од украинските пристаништа во Црното Море кон Африка и Блискиот Исток, предупреди Зеленски.

Во својот говор тој изрази увереност дека Украина ќе остане независна и целовита во нејзината меѓународно признаена територија по војната, за која рече дека сака да заврши што е можно поскоро.

Владимир Путин Володимир Зеленски Европа Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.