НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“: Преговарачката рамка се уште на лизгав политички терен

0
By Соња Крамарска on July 12, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Германскиот канцелар Олаф Шолц кој неодамна беше во посета на Македонија, вчера ја повика овдешната јавност да ја прифати преговарачката рамка за која вели дека не е беспрекорна но дека го отвора европскиот пат и дава шанса да ги браниме националните интереси во Брисел наместо на домашен терен
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако водечките европски лидери Макрон и Шолц, и САД, во специјални обраќања ја повикаа македонската јавност да ја прифати преговарачката рамка, таа се уште се наоѓа на лизгав политички терен. Централниот одбор на СДСМ синоќа го поддржа процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство на земјава во ЕУ согласно Предлог-преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 јуни 2022 година, предложен од француското претседателство, меѓутоа останатите партии, особено од македонскиот блок се уште тактизираат или покажуваат отворено несогласување со содржината на европскиот документ.

Во партиското соопштение СДСМ ја уверува јавноста дека како партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности. „Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури“, велат од владејачката партија.

Тоа е прва декларирана јасна поддршка за преговарачката рамка, откако во изминатите денови партиските ставови во домашното политичко милје лавираа од незадоволство од понудениот текст до предлози за поправки на преговарачката рамка, и аргументирање на потребата Северна Македонија итно да ги почне преговорите со ЕУ кои се во повеќегодишен застој.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска упати повик до СДСМ да го одбијат предлогот. „Сакам јасно да подвлечам дека независно што ќе се расправа во Собранието, за неговото прифаќање пресудно е влијанието на Владата на СДСМ и ДУИ која на сила сака да протурка процедура која е во целосна спротивност со државните и национални интереси. Се работи за информација која Собранието ја носи со просто мнозинство, односно со 41 пратеник од присутни 61. Суштински, усвојувањето, односно неусвојувањето на оваа информација нема да смени ништо посебно бидејќи Владата на Ковачевски истата веќе ја прифати“, порача Мицкоски повикувајќи пратениците од СДСМ да не гласаат за предлогот.

„Пратеници од СДСМ, ве повикувам да не подлегнувате на притисоците на власта и да постапите исклучиво според сопствената совест. Бидете достоинствени, почитувани пратеници од СДСМ и не потклекнувајте на притисоците од некои челни луѓе на вашата партија“, вели тој.

Пратеникот Павле Трајанов, односно неговата партија Демократски сојуз, од друга страна до спикерот на парламентот Талат Џафери денес достави предлог за тоа како треба да изгледаат заклучоците кои Собранието треба да ги усвои и да ги даде на Владата за натамошно постапување. Според тој предлог, во Општиот став на ЕУ (Воведна изјава на ЕУ за отворање на пристапните преговори), во точка 3 треба да се избришат зборовите: „Во однос на преводите на acquis- правото на ЕУ на македонски јазик, ЕУ ги зема предвид соодветните едностранидекларации на Бугарија и Северна Македонија за македонскиот јазик.“

Притоа предлага да се додаде нов став кој гласи: „По приемот на Република Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик станува службен јазик, без какви било можности за негово оспорување од страна на ЕУ или нејзина членка.

Во предлогот на Демократски сојуз се бара и да се изостават од преговарачката рамка билатералните прашања наметнати од Бугарија со тоа што ќе биде избришан делот кој вели: „како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување, според член 12“.

Политичките изјаснувања се случуваат во зовриена атмосфера и континуирани вечерни протести во кои централна улога има опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а формално се организирани од група граѓани чие мото е „Ултиматум-Не, благодарам“. По првичната ескалација протестите влегоа во помирна фаза, меѓутоа очекувањата се дека тие повторно ќе се радикализираат кога преговарачката рамка ќе се најде на разгледување пред пратениците во Собранието.

Иако датумот на одржување на собраниската седница се уште не е закажан, првите прогнози се дека преговарачката рамка ќе го добие зеленото светло а поддршката ќе ја испорачаат СДСМ, ДУИ, и партиите кои гравитираат околу нив, заедно со албанските партии чија евроинтеграциска ориентација е потврдена во нивното досегашно дејствување. Меѓутоа, сѐ уште е енигма како ќе гласаат пратениците на ДОМ, ДС и ЛДП кои се дел од владината коалиција но манифестираат противречни ставови. (С.К.)

ВМРО-ДПМНЕ Павле Трајанов Преговарачка рамка СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.