НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Преговорите ќе почнат во вторник, a Протоколот ќе го објавиме денеска, во ист момент со бугарското МНР

0
By НОВА ТВ Balaban on July 17, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство. 

Во вторник ќе почнат преговорите, истиот ден е отворачката изјава и скринингот, од тој ден започнуваат преговорите, нагласи министерот Бујар Османи на попладневниот брифинг по потпишувањето на Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија денеска во Софија.

Османи информираше дека целиот текст на Протгоколот ќе биде објавен во текот на денот, во ист момент со бугарското МНР.

„Политиката на политичарите, историјата на историчарите, тоа беше мојата  заложба во целиот процес и тоа е така формулирано во протоколот“, рече Османи.

На прашањето зошто тогаш се планира втора владина конференција и дали тоа значи фотографирање во вторник, а многу подоцна, по измени во Уставот, преговори, Османи тоа го негираше и рече „Тоа антинаратив, а решение е најдено со кое се заштитува македонскиот државен интерес„.

Османи на брифингот појасни:

„Реципроцитетот е принципот содржан во протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодотт 2019-2022. Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно„, појасни Османи.

Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство.

Поддршката за евроинтеграцијата на Северна Македонија е составен дел од Протоколот, а тука се, појаснува, одржувањето на првата Меѓувладина конференија со ЕУ, која во случајот на земјава е поделена на две фази политичка конференција, почеток на процес на скрининг, а потоа и втората конференција и отворање на поглавјата, но откако Северна Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот. Османи денеска истакна дека скринингот почнува веднаш по меѓувладината конференција на 19 јули.

„Република Бугарија изјавува подговеност да се согласи да се одржи првата политичка меѓувладина политичка конференција со ЕУ со разбирање дека следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство ќе се одржи веднаш откако Реепублика Северна Македонија во својот Устав ќе ги вклучи оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, каков што е бугарскиот народ“, се наведува во Протоколот.

-Согласно францускиот предлог, задутре се одржува меѓувладина конференција, потоа трае скринингот, година и половина, по завршување на скринингот има втора меѓувладина конференција, за неа нема нова одлука на Европскиот совет, туку утре во 18 и 30 се носат одлуки за двете конференции и за првата пред скринингот и за втората по него, со тоа што втората е условена со уставните измени, рече Османи.

Втората конференција ќе се случи откако Собранието ќе донесе одлука за внесување на заедниците

Тој нагласи дека дел од други народи, значи истото што го имаат другите заедници, во земјава, односно делот, каде што стои српскиот, влашки, ромски народ…продолжува делот хрватски, црногорски, бугарски народ. Вели дека ова не е новина, споменувајќи ја тука Хрватска, која во својот Устав внесува 25 заедници пред да стане членка на Унијата.

Во документот е наведено дека Владата на Северна Македонија се согласува следната меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговрите за членство да се одржи откако во сила ќе влезат измените на Уствот за вклучување на оние нејзини граѓани, кои живеат на територијата на државата, а се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивни спроведување.

– Тука имаше шпекулација, како може Владата да презема обврска во име на Собранието? Значи, Владата не презема обврска во име на Собранието, туку Владата се согласува дека втората конференција ќе се случи, откако Собранието ќе донесе одлука за внесување на заедниците, додаде Османи.

Бугарската Влада, пак, веднаш по усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ, согласно конечниот предлог на Француското претседателство, изразува подготвеност да ги повлече своите резерви за склучување на предлог договорот меѓу ЕУ и Северна Макеоднија за статусот на Фронтекс.

Договорот со ФРОНТЕКС ќе биде потпишан на македонски јазик.

Османи на брифингот потврди дека договорот со ФРОНТЕКС ќе биде потпишан на македонски јазик.

„Досега, иако се зборува дека македонскиот јазик не бил оспоруван во Европската Унија, тоа не е точно. Македонскиот јазик го немаше во ЕУ, а ниту сме можеле да потпишеме документ со ЕУ со македонски јазик. Ниту пак  преведувачот можел да има таг кадешто стои македонски јазик. Сега, не само што е влезен во рамката како чист македонски јазик, туку ќе го имаме и првиот договор во историјата помеѓу Република Северна Македонија и ФРОНТЕКС со дозвола на 27 земји-членки со македонски јазик“, нагласи Османи. 

Во однос на тоа каде е реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија, Османи одговори дека уставното уредување на Бугарија не признава етнички заедници, како што не признаваат ниту уставите на Франција, Грција.

-Таму има еден милион Турци, кои не може да регистираат турска партија, тоа е системот на уредување, такви се и Франција и Грција. Уставот не препознава организирање на граѓаните на етничка основа. Кај нас Уставот е поинаков. Претпоставувам тоа било причината во 1999 година во заедничката декларција меѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов, кој параграф е реафирмиран во член 11, став пет од Договорот за добрососедство и сега РСМ потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може или не треба да преставува мешање во внатрешните работи на Бугарија. Тоа е единствената асиметрична позиција во Договорот, нагласи Османи.

(Љ.Б.)

брифинг Османи преговорите Протоколот ќе почнат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.