НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски по средбата со Фон Дер Лајен и Петр Фиала: Огромно е задоволство што по 17 години чекање почнуваме преговори

0
By Соња Крамарска on July 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Сакам да упатам искрена благодарност до сите наши пријатели во ЕУ за нивната поддршка и посветеност за европската интеграција на Република Северна Македонија. Нивната заложба беше клучна за ние денес тука во Брисел да го направиме првиот чекор до членство во ЕУ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по четирпартитната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, премиерот на Чешка Петр Фиала и албанскиот колега Еди Рама.

Во изјавата Ковачевски упати и честитки за почеток на преговорите на Албанија, до премиерот Еди Рама и до албанскиот народ. „Ова е нов почеток за регионот кој ќе значи просперитет и напредок, продолжуваме понатаму со иста динамика на регионална соработка. Работиме за нас самите но и за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ“, рече Ковачевски.

„Огромно е задоволството што по 17 години чекање денес почнуваме преговори, отвораме нови перспективи за граѓаните и полека но сигурно се приклучуваме кон европското семејство, што е наша стратешка цел“, истакна тој.

Осврнувајќи се на францускиот предлог, македонскиот премиер рече дека тој е добар и ги штити македонските црвени линии и македонскиот јазик.

„Европскиот предлог е најдоброто за нас, ги штити нашите црвени линии, воедно е заштитен и македонскиот јазик без никакви дополнувања и објаснувања. Се отвора вратата за нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на ЕУ, што е најголем успех за нас. Не е само заштитата на јазикот туку тој ќе доживее и промоција пред многу земји и култури кои немаат допирни точки со македонскиот јазик и ќе го слушнат. Автеничниот македонски јазик и во ЕУ ќе ја направи побогата и ќе придонесе за  обединување на различностите“, нагласи премиерот.

Досега, рече Ковачевски, многу пати докажавме дека сме партнери од доверба на ЕУ. „Така и продолжуваме да работиме. Очекуваме најбрза интеграција на земја членка во ЕУ како што имавме и за НАТО“, порача македонскиот премиер. Ако по утрото се познава денот, овој ден ќе биде историски, ден со кој ќе се гордееме, рече Ковачевски.

Честитки за отворањето на преговорите упати и премиерот Петр Фиала, а посебна честитка до Фон Дер Лајен беше упатена од албанскиот премиер Еди Рама по повод нејзиниот роденден денес.

Рама се заблагодари и на францускиотн претседател Емануел Макрон, за деблокирањето, како што рече, на една апсурдна ситуација. (С.К.)

 

 

Брисел Димитар Ковачевски изјава почеток на преговори Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.