Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО размислува за прогласување на мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба

0
By Соња Крамарска on July 22, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 22, 2022 08:11

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состана вчера за да разговара дали да се прогласат мајмунските сипаници за глобална криза, јави ДПА. Тоа е втор состанок на комисијата во рок од неколку недели. Некои научници нагласија дека впечатливите разлики помеѓу епидемиите во Африка и оние во развиените земји ќе го комплицираат секој координиран одговор.

Африканските власти рекоа дека веќе ја третираат епидемијата на континентот како „вонредна состојба“.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на почетокот на состанокот на комисијата за вонредни состојби изјави дека останува загрижен за бројот на регистрирани случаи на зараза во се повеќе земји. „Вирусот се уште се шири на други места“, рече генералниот директор на СЗО, додавајќи дека шест земји ги пријавиле своите први случаи на зараза минатата недела.

Мајмунските сипаници се шират со децении во делови од централна и западна Африка, каде заболените диви животни понекогаш ги инфицираат луѓето во руралните области, но епидемиите останаа релативно територијално ограничени. Во Европа, Северна Америка и други делови од светот, болеста се шири најмалку од мај меѓу геј и бисексуалните мажи. Епидемијата во богатите земји веројатно била предизвикана од сексуален контакт за време на две забави во Шпанија и Белгија.

Во моментов има над 15.000 случаи на мајмунски сипаници ширум светот. Додека Велика Британија, САД, Канада и други земји купија милиони вакцини, ниту една од нив не отиде во Африка, каде посериозна варијанта на болеста веќе уби повеќе од 70 луѓе.

„Она што се случува во Африка е речиси целосно различно од епидемијата во Европа и Северна Америка“, рече д-р Пол Хантер, професор по медицина на британскиот Универзитет во Источна Англија, кој претходно ја советуваше СЗО за прашањата за заразни болести.

Оваа недела, здравствената агенција на ОН објави дека 99 отсто од сите регистрирани случаи на мајмунски сипаници надвор од Африка се кај мажи, а 98 отсто од нив се кај мажи кои имале секс со други мажи.

„Во овие многу активни геј секс мрежи, постојат мажи кои навистина не сакаат другите луѓе да знаат што прават и не секогаш знаат со кого имаат секс“, рече д-р Хантер. „Некои од овие мажи можеби се во брак или имаат семејства кои не се свесни за нивната сексуална активност, што го отежнува следењето на контактите“, рече тој, објаснувајќи зошто вакцинацијата можеби е најефективниот начин за справување со епидемијата. (MIA)

глобална вонредна состојба мајмунски сипаници СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.