НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Први фотографии од потонатиот брод кај Сплит управуван од алкохолизиран капетан

0
By Соња Крамарска on July 24, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватското Министерство за трговија, туризам и инфраструктура соопшти дека на местото каде што потона туристичкиот брод кај Сплит сега има нуркачи, кои треба да го спречат истекувањето на горивото од резервоарот на бродот, што може сериозно да го загади Јадранското Море.

„Според информациите со кои располагаме во рамки на истрагата за причините за оваа поморска несреќа, која ја спроведува Капетанијата на пристаништата во Сплит, во тек се координирани спасувачки активности за туристичкиот брод „Sea Villa“ долг 21,6 метри. Овој пловен објект е во сопственост на правно лице од Република Хрватска, а утринава по два часот удрил во крајбрежниот ѕид на бензинската пумпа ИНА на сплитското западно крајбрежје“, се вели во соопштението на Министерството.

На местото на несреќата биле ангажирани и припадници на Сплитската јавна противпожарна бригада, чија поморска единица поставила брани околу оштетениот брод, со цел да се спречи загадување на морето и морската средина, пишува Index.hr.

Ангажираните нуркачи го проверуваат трупот на бродот под нивото на морето, додека во договор со сопственикот на бродот дополнително е ангажирана компанија за давање комерцијални услуги за спречување и отстранување на загадувањето на морето и морската средина.

Со увидот на надзорните камери, административниот увид на документацијата на бродот и соработката со полициските службеници на поморската и сплитската аеродромска полиција, е утврдена точната бројка на лица кои биле на бродот во моментот на несреќата, вклучително и екипажот. Се проверува и дали се почитувани или прекршени безбедносните одредби пропишани со Законот за поморски законик, односно Правилникот за безбедност на поморската пловидба.

Сплитската полиција соопшти дека синоќа околу 02:30 часот туристички брод со 50 патници удрил во пристаништето на бензинската пумпа на брегот на Бранимир во Сплит. Капетанот на бродот бил приведен и бил во алкохолизирана состојба.

На бродот имало 50 патници и сите успеале да се симнат од бродот до брегот и за среќа нема повредени, пренесува Index.hr.

На местото на несреќата излегле пожарникари, вработени во Капетанијата на пристаништата и полициски службеници.

Истрагата спроведена од Капетанијата на пристаништата е во тек, а капетанот на бродот е донесен во службените простории на полицијата поради тоа што е констатирано дека е во алкохолизирана состојба, а со тоа постојат основи на сомнение дека го сторил кривичното дело прекршок за загрозување на посебни видови сообраќај.

Пожарникарот Иван Ковачевиќ изјави за N1 дека на местото излегле пет противпожарни возила и 13 пожарникари од ЈВП Сплит, како и противпожарен брод со четворица пожарникари.

Според него, тие ги зеле пумпите бидејќи во бродот се уште има гориво. Затоа се поставени заштитни лебдечки мрежи за да се спречи загадувањето на морето.

Видео на следниов линк

пијан капетан потонат брод Сплит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.