НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен Балкан“ денес и утре во Белград: Политички самит и винска презентација пред регионот и светот

0
By Соња Крамарска on September 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денес – 1 септември во Белград почнува Првиот меѓународен саем за вино и храна во рамки на Отворен Балкан, а покровители се трите држави кои се дел од оваа иницијатива: Северна Македонија, Србија и Албанија.

Саемот е насловен „Винската визија на Отворен Балкан и на него ќе учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји. Од земјава ќе има 42 винарници и три дестилерии кои на посетителите ќе им презентираат над 300 различни типови македонски вина и ракии.

На двете манифестации свое обраќање и учество ќе има и премиерот Димитар Ковачевски.

„Во рамки на саемот ќе има дегустација на вина, а воедно ќе се одржи натпреварот Трофеј на виното на Отворен Балкан 2022 година. Саемот е одлична можност за поврзување на винските патишта на Балканот и пред високите гости и посетители како и отворање на нови можности за соработка, за обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани, што позитивно ќе се рефлектира на развојот на домашната економија“, велат од Владата.

Покрај вината, под слоганот „Вкуси го животот“, Македонија ќе се претстави и со десетина производители на храна кои ќе ги претстават автентичните вкусови на македонската кујна.

„Македонската туристичка понуда на Саемот за вино, храна и туризам во Белград, ќе биде претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Фокусот е ставен на македонскиот ено-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам“, велат од Владата.

На четиридневниот саем ќе се организира и македонска вечер, на која домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски, а гости ќе бидат претставници на бизнис заедниците и владите од трите држави присутни на саемот.

Покрај саемот, во Белград ќе се одржи и традиционалниот политички самит во рамки на Отворен Балкан помеѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама. (Р.Н.)

Димитар Ковачевски отворен балкан Саем на вино и храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.